Роналдо оди во затвор?!

Објавено на 02 декември 2016, 15:37

СПОДЕЛИ:

„Ел Конфеденсијал“ објави информации дека Роналдо би можел да заврши зад решетки поради затајување данок односно користење на даночниот систем во Република Ирска.

article-2420852-1bd304b7000005dc-134_634x390

Според она што е објавено, Роналдо ја искористил Ирска за да може да плати двојно помал данок отколку во Шпанија. Во Ирска данокот е 12,5 отсто, па затоа сега веројатно ќе мора да одговара.

Во прашање се договори со неколку компании како што се „Најк“, „Унилвер“, КФЦ, „Конами“ и „Тојота Тајланд“. Преку нив успеал да инкасира милиони.

Документите се објавени од страна на „Фудбал лекс“, а како што пренесува компанијата за маркетинг „МИМ лимитед“ имала договори со сите овие компании со кои соработува и Роналдо.

Наведената компанија е основана од страна на адвокатот Енди Квин и нема директна врска со Роналдо. Сепак, МИМ во 2012 година ги презеде правата односно компанијата е овластена да работи и да ги користи правата на имиџ, името, изјавите (пишани или изречени), потписот, биографските информации, фотографии и видеоснимки кои се однесуваат на Кристијано Роналдо.

Со оглед на тоа што данокот во Шпанија е огромен, Роналдо би требало за своите примања да издвои околу 43 проценти, па затоа Ирска е даночен рај, но за работење на компаниите.

Доколку се докаже дека Роналдо има некаков акциски удел во компанијата МИМ и доколку неговата соработка со наведената фирма не е пријавена, тогаш ќе мора кривично да одговара. Тој имал приходи од минимум 120.000 евра годишно, па сега сите информираат дека му се заканува затворска казна.

Инаку, претходно за слична ситуација Лионел Меси и Хавиер Маскерано добија условни затворски казни, а судската постапка против Нејмар и понатаму е во тек.

СПОДЕЛИ: