Сакаше нејзината крв да капе по мене – Бред Пит му се доверил на психијатарот

Деталите за разводот на славната актерска двојка Бред Пит и Анџелина Џоли и понатаму ја интригираат јавноста. Иако неодамна се договорија околу старателството на нивните шест деца, двојката продолжува да ги полни медиумските страници. Американските медиуми пишуваат дека Бред наводно има снимки од разговорите со својот психијатар во коишто му зборувал за бракот со Анџелина Џоли.

branxhelina

Наводно, Бред на психијатарот Рон Бард му ги доверувал интимните работи од бракот, но и од креветот, па му открил дека неговата сопруга сака перверзни секси игри. Актерот на психијатарот му рекол дека Анџелина се сече во текот на сексот, и дека сака нејзината крв да тече врз него, што него го ужаснувало.

– Знаеше да се заклучи во собата неколку дена и да не јаде ништо – наводно Бред му рекол на психијатарот, а актерката не била благонаклонета ниту кон Џенифер Анистон, па на Бред му се заканувала дека своите пит булови ќе ги пушти да ја растргнат.

(ВИДЕО) Голема турска свадба: Се омажи Ѓул од „Убавата селанка“ – во свадбеното видео ќе гледате со занес!

Убавата турска актерка Гизем Карча или попозната како Ѓул од серијата „Убавата селанка“, изминатиот викенд му кажа „Да“ на своето долгогодишно момче.

Гизем е од оние познати што не сокриваат речиси ништо од приватноста, па така и од својот голем ден ги откри сите детали на Инстаграм, од моминската, па се до чинот на разменувањето на прстените.

Ова е прв брак за 32 годишната актерка која се прослави преку серијата каде глумеше градска девојка која се адаптира во животот на село кај својата баба Султана.

ФОТО: Вака изгледаат родителите на Омер

Актерот Бариш Адруч или Омер не ги  експонира во јавност своите родители иако обожавателите сакаат да видат од кого турскиот заводник ја наследил убавината. Познато е дека Бариш уште на своја осум годишна возраст со целото семејство од Швајцарија се сели во Турција каде живеат и денес. Од турските медиуми досега ги запознавме неговите двајца браќа, а овој пат имате можност да ги погледнете и неговите мајка и татко на заедничка фотографија со најстариот син, односно братот на Бариш. Додека на другата Омер е во друштво на мајка си – фотографија од свадбата на неговиот брат.

Од приложеното може да се забележи дек Омер дефинитивно личи на тато.

(ВИДЕО) Никол Кидман го бакна колегата пред сопругот, а потоа се избламира на говорот

Никол Кидман прво ја изненадила целата сала кога колегата го бакнала во уста, а потоа се избламирала во текот на говорот кога ја примала наградата за најдобра главна актерка на вчерашните доделувања на “Emmy” награди.

Никол Кидман му честитала на колегата од серијата “Big Little Lies”, Александар Скарсгард, на наградата за најдобра споредна машка улога, и притоа го бакнала во уста, додека нејзиниот сопруг Кит Урбан, мирно стоел покрај нив.

Серијата “Big Little Lies” го следи животот на три мајки во Калифорнија, а покрај Никол Кидман во серијата глумат и Рис Витерспун и Шаилин Вудли. Врската меѓу ликовите кои ги глумат Кидман и Скарсгард е насилна и зборува за семејното насилство, што актерката го истакнала во говорот.

Исто така, им се заблагодарила на сопругот и децата на поддршката. “Имам големо уметничко семејство кое ми пружа поддршка цело време. Ми бевте верни и на тоа сум ви многу благодарна. Имам две девојчиња – Сани и Фејт. И милиот Кит кој ми помогна во уметничката кариера. Поднесоа многу жртви поради тоа. Поради тоа оваа награда е нивна”, рекла Кидман.

Но, многумина веднаш забележале дека Кидман ги заборавила своите деца, 24-годишната Изабел и 22-годишниот Конор, кои ги посвоила додека била во брак со Том Круз. Секако, тоа не минало незабележано на Твитер, каде актерката била критикувана за тоа.

Популарно