Samsung Galaxy Note Edge Иновација, дизајн, практичност

PR FOTKI_01-01

Новиот миленик од Samsung, Galaxy Note Edge, ексклузивно достапен во салоните на Vip. Запознајте го светскиот предводник во врвниот изглед и супериорните карактеристики, кој ги предизвика досегашните правила во дизајнот на смарт-телефони и ги промени правилата на нивната употреба.

PR FOTKI_02-01

Иновација, дизајн, практичност

Благодарение на својот иновативен дизајн, Samsung Galaxy Note Edge им овозможува на корисниците нов начин за пристап до информациите. Уникатниот заоблен раб на екранот овозможува брз пристап до често користените апликации и функционалности на уредот, со само еднo движење на прстот.

PR FOTKI_04-01

Експлозија на бои

5.6” Quad HD + Super AMOLED екран

Високиот контраст на 5.6“ Quad HD + Super AMOLED екранот ќе Ви овозможат да ги доживеете живописните бои, исто како да ги гледате со голо око. Квалитетот на екранот е збогатен за лесен преглед на содржини, целосно оптимизиран за прелистување веб-страници како и за електронско читање.

PR FOTKI_05-01

Колаж од одлични фотографии

Отсега може да ја користите и задната и предната камера за одлични фотографии од Вашето секојдневие. Благодарение на комбинацијата на предната камера од 3.7MP, и 16MP OIS задна камера, сликајте фотографии со висок квалитет.

PR FOTKI_06-01

Означи лесно со опцијата Smart Select

Со помош на S pen лесно ќе направите селекција на одредена содржина, без оглед на тоа дали станува збор за текст, екран или за апликација. Целата Ваша селекција можете да ја ставите на едно место, да ја зачувајте или, пак, веднаш да ја споделите.

Фаќај забелешки со Photo Note Photo Note е одличен начин да ги зачувате Вашите мисли или, пак, да креирате уникатни фотографии, бидејќи со Photo Note записот може веднаш да го конвертирате од аналоген во дигитален и да правите дополнителни промени, на белешки или бои, со помош на S pen.

PR FOTKI_07-01

Мултифункционален

Скратете го времето на работа со опцијата за отворање повеќе прозорци истовремено на екранот на Samsung Galaxy Note Edge. На тој начин, Вие можете флексибилно да работите со повеќе апликации истовремено, и сето тоа да се одвива брзо и лесно, со користење едноставни движења.

PR FOTKI_08-01

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно