СДСМ со сценарио за пропаѓање на изборите

Зоран Заев и СДСМ подготвуваат деструктивно сценарио за рушење на изборите во недела, партијата да не признае пораз, а Заев да го задржи претседателското место во партијата. СДСМ планира преку оцрнување на државата да ги руши надворешните позици на земјата, а со тоа и на Владата објави порталот курир.мк

ВМРО-ДПМНЕ и Премиерот Никола Груевски веќе неколку дена предупредуваат дека СДСМ подготвува сценарио за непризнавање на изборните резултати од парламентарните и претседателски избори во недела, со цел да изградат алиби за својата погубна политика и за својот изборен пораз.

Партиски извори од СДСМ коментираат дека одлуката за рушење на изборите е веќе донесена во најтесниот круг на СДСМ и дека најголемата опозициска партија подготвува терен за непризнавање на резултатите.

Според истите извори, Зоран Заев и неговите најблиски соработници планираат на денот на изборите во недела нивни луѓе да вршат притисок и да исценираат и симулираат инциденти и нерегуларности на избирачките места и попладне пред завршувањето на изборите Заев да ги повлече од избирачките места и да објави на прес конференција дека СДСМ се повлекува од избори објави курир.

На тој начин, Заев ќе се обиде да ги делегитимира изборите и ќе се обиде да се спаси себе си и политичката кариера на сметка на интересот на Република Македонија.

Меѓутоа, според внатрепартиските извори, Заев за оваа одлука не добил поддршка од целото раководство на СДСМ, туку само од најтесниот круг. Немал доволно поддршка и од базата, иако жестоко вршел притисоци врз општинските организации за да може да го реализира планот.

Заев е соочен со тотално фијаско, знае дека нема поддршка од гласачите, разликата е голема, а чашата се прелеала кога и бизнис крилото на партијата му откажало послушност и се дистанцирало, така да сега СДСМ нема ни финансиски средства и Заев се обидува сам да се финансира. Партиски извори велат дека тој лично смета дека ако тој пропаѓа, треба сите со него да отидат во пропаст, вклучително и Република Македонија.

Ова секако и оди во прилог на Грција, од каде лидерот на СДСМ има поддршка и влијание и единствено на Грците им одговара Република Македонија да нема успешни избори и тоа да го искористат во полза на грчките интереси.

Според аналитичарите, едно вакво сценарио, во услови кога сите релевантни институции јасно ја потврдуваат регуларноста на изборите, би било не само нелегитимно, туку истовремено и контрапродуктивно и за демократскиот развој на Република Македонија, но и за самата опозиција во целост.

-Според мене, не постои друг одговор на ваквиот начин на размислување и нема друга алтернатива доколку раководството на врвот на СДСМ одлучи наместо реално да ги согледа своите недостатоци и слабиот политички капацитет, евентуалниот пораз на 27 април, да го преврти во „Кристална ноќ“ и да се зафати со едно апсурдно извлекување на своето членство низ улиците и со своеволно негирање на изборниот резултат. Простете, но токму тоа и во тој случај ќе биде доказот дека пред се заглавиле во едно насочен понор и дека токму тие кои упорно не убедуваат дека живееме во диктатура и во недемократија ќе демонстрираат уште еднаш тоталитарно самоволие кое единствено ќе им ползува на катастрофалните политички протагонисти на челото на СДСМ и за кратко можеби ќе им го продолжи векот на траење на опозициското кормило. Се на се, моето мислење е дека од ваквиот чин покрај одбегнувањето на одговорноста за изборниот резултат на вистинските губитници на едни демократски избори, ќе им биде од корист на сите оние кои упорно работат на обезличувањето на македонската држава, на македонската нација и секако на попречувањето на евроинтеграцискиот развој на Република Македонија, смета доцент д-р Иванка Додовска од правниот факултет.

Таа смета дека последиците од евентуалната криза би биле далекусежни, но истите за мошне кратко време најпрвин ќе ја засегнат самата опозиција т.е. оние кои ќе се одлучат на овој чин.

-Во однос на Република Македонија истите ќе имаат негативен одраз и сосема е возможно да им достават аргумент повеќе на сите оние кои ја разјадуваат унитарноста на нашата држава и од внатре и од надвор, дека ние навистина не сме дораснале на привилегијата да ја чуваме и унапредуваме сопствената земја, во тој случај, моите размислувања ме навраќаат на тешките историски прилики, од кои, сметам дека треба да извлекуваме поуки, а не да ги повторуваме. Во секој случај, јас сум оптимист и верувам дека ќе победи разумот пред личниот интерес, бидејќи во спротивно не ја гледам ниту логиката од еден ваков апсурдно непромислен чекор, ниту пак придобивката за Република Македонија од истиот, смета Додовска.

Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија

Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.

Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.

Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.

„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.

Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.

(Фото) Раста итно хоспитализиран

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста денеска е итно хоспитализиран, а фотографијата од Итната помош ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Раперот дошол во болница со силни болки во грбот придружуван од својата девојка Марија Балабан, која се фотографирала заедно со него, додека тој лежел на креветот покриен со јакна.

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко на близначиња

ТВ и радио водителот Марко Новески денеска стана татко на близнаци.

Неговата сопруга Цена на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш  се пофали на социјалните мрежи.

– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша Марко во прилог на фотографијата од близнаците.

Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во август 2021 година.

Популарно