Се изгубија сите авиони над Балканот

Силното невреме кое го зафати Балканот ги замрзна системите за следење на авионскиот сообраќај, што придонесе повеќе од два часа сите авиони над Хрватска и скоро половина од оние кои биле во воздушниот простор на Босна и Херцеговинада остамат без контакт  контролата на летање.

b481722bdada0c5b815a4e61cdab39a6

Пилотите во ситуација кога биле практично изгубени во воздухот, помош побарале од контролата на летае на Србија и Црна Гора.

За среќа, северниот сосед бил на ниво на задачата па повеќе од 100 авиони добиле успешна навигација и безбедно ги пренеле патниците.

Информацијата и официјални ја потврдја српските власти

Поради силни бури што предизвикаа наплив на дождови над Хрватска, хрватската контрола за летање привремено го стопира обезбедувањето на услуги за воздухопловна навигација, а околу 15:10 часот беше затворен воздушниот простор над Хрватска, објави хрватската контрола за воздушниот сообраќај и додаде дека воздушниот сообраќај се пренесува во соседните земји, бидејќи “дошло до прекин на напојување со електрична енергија.”

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно