Се редат коцките: Кире Лазаров догодина во Вардар!

Десниот бек на Фленсбург, Холгер Гландорф, од следното лето би можел да се пресели во Барселона, барем според пишувањата на порталот „hballtransfers“, а тоа веројатно ќе значи дека капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, нема да го продолжи договорот со каталонците, пренесе 24ракомет.мк.

mkd-139941

Имено, во текот на преносот од мечот меѓу Силкеборг и Фленсбург, поранешниот тренер на Хамбург, Мартин Швалб кој сега работи како стручен коментатор за престижната ТВ мрежа „Скај Спорт“, изјавил дека Гландорф веќе ги започнал преговорите со Барселона и дека 33-годишниот десен бек нема да го продoлжи договорот со бундеслигашот, што му истекува следното лето.

Ист е случајот и со Кире Лазаров, чиј договор истотака завршува на лето. Во Барселона на десен бек освен Лазаров од оваа сезона ќе настапува младиот Французин, Дика Мем, но во каталонскиот гигант сигурно нема да ризикуваат да останат само со еден неискусен играч на таа позиција.

Капитенот на македонската репрезентација пак, повеќепати досега „беше виден“ во Вардар, но следното лето ќе има простор за евентуалниот договор да биде реализиран. Алекс Душебаев заминува во Киелце, па македонскиот првак останува ослабен на позицијата десен бек, затоа шпекулациите околу евентуалниот трансфер на релација Лазаров-Вардар, после многу години претпоставки и дезинформации можеби конечно ќе се реализираат .

(ВИДЕО) Наместо ракомет - циркус: Се степаа директорите на Војводина и Динамо Панчево!

Прашање е уште колку шлаканици може да трпи српскиот спорт по сите резили кои се случија во последниве денови.

Од ниските обвинувања меѓу ракометарите репрезентативци и селекторот Јовица Цветковиќ, преку вандализирањето на пехарот од кошаркарскиот куп, до најновиот „дострел“ - тепачка на спортски директори на клубови. 

Во финалето од Купот на Србија се сретнаа Војводина и Динамо Панчево, екипите кои ја претставуваат земјата и во СЕХА-лигата, а мечот ќе се памети не по конечните 25-22, туку по инцидентите. Во финишот на првото полувреме, се спречкаа домашниот голман и неколку ракометари од Панчево. 

Судиите реагираа така што го исклучија голманот, меѓутоа само што стивнаа страстите на теренот, разгореа покрај него. Камерата ги фати спортските директори на двата клуба како се тепаат или барем се обидуваа да го направат тоа. Додека стигнаа да ги разделат, резилот веќе пукна.

Погледнете на 43:16 минута.

Претходно, селекторот на српската ракометна репрезентација ги обвини играчите за недециплина на ЕП во Хрватска, дека шетале до доцни часови и дека пред време си резервирале билет за дома, не размислувајќи дека можеби и ќе ја поминат првата фаза. 

Ракометарите, пак, возвратија со обвинувања дека селекторот Цветковиќ е пијаница и дека не бил трезен во Загреб. Потоа излезе скандалот со пехарот од кошаркарскиот Куп Корач. Некој ги одлепил плочките на кои пишува Црвена звзда, а кои стојат во чест на секој освојувач.

(ВИДЕО) Вонредна состојба на улиците во Атина: Жесток судир на навивачките групи

Хулиганите на Олимпијакос ги напаѓаат пртивничките групи. Грчките навивачки групи повторно во центарот на вниманието.

Од ден во ден се случуваат пресметки на улиците во Атина, а особено жестоки се фановите на Олимпијакос, па главниот град на Грција е во воена зона.

Тие во последно време дивеат ширум Грција. Ги напаѓаат грчките навивач, ги уништуваат трибините, а клубот плаќа висока цена за тоа.

Хулиганите на тимот од Пиреј одлучија да направат пречек за навивачите на големиот ривал Панатинаикос. Дојде до жесток судир на улиците, а полицијата на крајот успеа да ги смири обете страни.

Не е познато се уште дали во пресметките има повредени, но судејќи по се беше навистина страшно.

Погледнете

(ВИДЕО) Кралица на мразот - настапот на 15-годишната Русинка сите ги остави без зборови

Алина Загитова доминира на мразот на ЗОИ.

15-годишната Русинка со рекорден број поени застана на врвот на табелата по завршувањето на настапите во рамките на кратката програма.

Судиите, публиката, па дури и нејзините конкуренти на мразот беа воодушевени од она што го направи ова девојче.

Светските медиуми ја нарекоа „Кралица на мразот“.

Жирито и даде оцена од 82,92 бодови со што го собори светскиот рекорд кој десет минути пред настапот на Загитова го постави нејзината сонародничка Јевгенија Медведева (81,61).

-Задоволна сум што сите елементи ги изведов како што треба, но ова не е моето најдобро издание, мислам дека можам подобро, нагласи 15-годишната олимпијка.

Популарно