Секс во лето - еве на што треба да внимавате

Како расте температурата во термометарот, така растат и сексуалните апетити. Летото е вистинското годишно време за целосно уживање и препуштање, но без оглед што се чувствувате целосно неограничено, постојат одредени правила кон кои треба да се придржувате во текот на топлите месеци. Освен што можат да ви го уништат расположението за секс, овие грешки можат и да ви создадат големи проблеми.

Вълнуващо-Първичен-импулс-за-любов-секс-в-кола

Не ги оставајте кондомите во автомобилот

Високите температури можат да ги оштетат кондомите и да ја намалат ефикасност кога станува збор за контрацепција или пренесување на полови болести. Познато е дека автомобилите во текот на летото на високите температури може неверојатно да се загрее, а ако во возилото оставите кондом, не го употребувајте, бидејќи неговото место е за во канта за отпадоци.

images (1)

Не впуштајте се во секс на отворено, пред да ја проверите околината

Иако сексот на отворено во текот на летото може да биде многу забавен, треба да обрнете внимание на одредени работи. Пред удобно да се сместите на плажа или во шума, прво треба добро да се запознаете со околината, за да можете да избегнете отровен бршлен или пак гнездо со инсекти. Сигурно не сакате наместо да уживате по сексот да се здобиете во билокаков осип или убод. И секако, секогаш бирајте го местото кое е во сенка и на кое нема да бидете фатени.

surfboard-9dc64dc4

Не се опуштајте во секс во вода

Иако секс во базен може да звучи еротски, тоа всушност воопшто не е добра идеја. Имено, за време на сексот во вода постоја повеќе шанси да „закачите“ некоја полово пренослива болест бидејќи водата го измива природниот лубрикант кој го создава телото, што доведува до поголемо триење преку кое настануваат гребнатинки и рани, а преку нив бактериите и вирусите можат полесно да влезат во телото. Освен тоа, сексот во вода ги зголемува и шансите за развој на уринарни инфекции. И додека кондомот во овој случај може да помогне за спречување на пренесување на полови заразни болести, тој нема да ја спречи уринарната инфекција. Колку за напомена хлорот во базенот лесно може да го оштети кондомот. Исто така, и секс во езеро или во река не е ништо по сигурен, бидејќи според експертите, водата лесно може да предизивка иритација доколку влезе во вагината.

нетпрес

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно