Семејството Бабунски, исклучителен случај во историјата на фудбалот

Весник „Ел Мундо Депортиво“ од Шпанија напиша сторија за семејството Бабунски, кои како единствен случај во историјата на фудбалот во исто време ќе бидат дел од една национална селекција.

babunski-500

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21-година овој месец ќе одигра два квалификациски натпревари против врсниците од Азербејџан и Норвешка. Селекторот на Македонија Бобан Бабунски го објави списокот на играчи, нешто што предизвика големо внимание кај медиумите во Шпанија, а реномираниот весник „Ел Мундо Депортиво“ дури објави и сторија.

Имено, за прв пат во историјата на фудбалот, дел од една национална селекција во исто време ќе бидат татко и двајца синови. Селекторот Бобан Бабунски за овие натпревари ги повика неговите синови Давид Бабунски од Барселона Б и Доријан Бабунски од младинскиот погон на Реал Мадрид.

Ова е прв ваков случај забележан во историјата на фудбалот, што воедно беше причина „Ел Мундо Депортиво“ да објави цела сторија.

Давид Бабунски веќе има играно за репрезентацијата до 21 година, а има и настапи за сениорскиот тим на Македонија. Доријан Бабунски за прв пат е во оваа селекција, а претходно настапуваше за репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години.

Давид Бабунски е офанзивен играч за врска, Дориjан е напаѓач, додека нивниот татко Бобан беше централен дефанзивец.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно