Семејството на Шумахер очајно: Истрага поради фотографија од болниот Михаел во кревет

Обвинителството во Германија покрена истрага откако на медиумите наводно им беше понудена најновата фотографија на седумкратниот шампион на Формула 1 Миахаел Шумахер.

Како што навела РТЛ, фотографиите ги понудил непознат продавач за милион евра.

Обвинителството во Офенбург го истражува инцидентот како наводно нарушување на приватноста на Шумахер, бидејќи фотографијата наводно е снимена и прокриумчарена од неговата куќа во Швајцарија каде што закрепнува од тешките повреди на главата здобиени на скиењето на крајот на декември 2013 година.

Семејството на Шумахер не ги коментирало наводите.

Легендарниот возач на Формула 1 шест месеци бил во индуцирана кома, од која е разбуден во јуни 2014 година, а во септември истата година е пуштен на домашно лекување.

Официјалните информации за неговата здравствена состојба се ретки, а семејството во текот на минатиот викенд соопштило дека закрепнувањето ќе остане приватна работа и ја покренало иницијативата „Продолжи да се бориш“.

- Здравјето на Михаел не е јавно прашање и така ќе продолжиме да се однесуваме, без коментари. Правно и долгорочно гледано, секоја изјава поврзана за неговото здравје би влијаело на личната сфера. Свесни сме дека тоа некои можат тешко да го сфатат, но тоа го правиме според насоките на Михаел и само можеме да им заблагодариме на луѓето на разбирањето - навела менаџерката на Шумахер Сабине Кем.

„Михаел секогаш ја штитеше својата приватност, дури и во текот на најуспешните моменти во кариерата. Секогаш покажуваше дека постои јасна линија помеѓу него и јавната личност и приватното“, додала таа.

Михаел Шумахер (47) е најуспешниот возач во историјата на Формула 1 со 91 победа и седум шампионски титули.

(ВИДЕО) Душебаев: Со Раул работев уште од дете, но вечерва немам друг избор освен да го победам

Алекс Душебаев вели дека има голема почит кон Раул Гоналез и Македонија, но вечерва единствена негова цел е Шпанија да победи.

Голема е приврзаноста помеѓу Шпанија и Македонија кога станува збор за ракометот. Раул Гоналез за прв пат ќе се сретне против својата земја, а во Шпанија еден од клучните играчи треба да биде поранешниот вардарец, Алекс Душебаев.

„Со Раул работев уште како дете, бидејќи, пред да дојдам во Вардар, бевме во Сиудад Реал, кога тој беше помошник тренер на татко ми. Секако дека имам голема почит за него како личност, но и за Македонија како земја, бидејќи во Македонија ме третираа одлично. Бев среќен додека играв таму и таа секогаш ќе остане една од моите омилени земји. Меѓутоа вечерва немам други избор освен да ги победам и Македонија и Раул, бидејќи влогот е голем. Победа против ривал кој веќе има три поени ќе нè задржи на патот до нашата цел, додека пораз би бил огромен чекор назад“, вели Алекс Душебаев.

„Македонија е составена од многу добри играчи кои не се големи но се силни. Мислам дека ќе се обидат да ја прекинат циркулацијата на топката во нашите напади“.

„Кире Лазаров е еден од најдобрите ракометари во светот. Имам фантастичен шут и е способен да го носи целиот тим на грб. Имаме голема почит кон него“.

Очекувана е атмосферата во Вараждин пред мечот против Шпанија. Фан зоната која е планирана за македонските навивачи уште сега е полна и постојано ечи македонска песна. Се надеваме дека така ќе биде и по завршување на мечот против „црвената фурија“.

“Излези Ѓурѓо” ечи во фан-зоната во Вараждин 

(ФОТО) Најубавата одбојкарка во светот го запали интернетот со секси фотки

Бразилската одбојкарка Таиса Менезес се опорави од тешката повреда, па се почесто објавува секси фотки на социјалните мрежи.

Таиса кога и да се појави на терените измамува воздишки кај посилниот пол, а многумина ја сметаа за најсекси одбојкарка на светот.

Нејзиниот Инстаграм профил е полн со секси фотографии, а кога ќе го видите ќе заклучите дека со право го носи тој епитет.

 

A vida começa onde o medo acaba! BOA NOITE PESSOAS LINDAS!!!

A post shared by Thaisa Daher 🥇🥇 (@daherthaisa) on

 

Boa noite! 😘💋

A post shared by Thaisa Daher 🥇🥇 (@daherthaisa) on

Популарно