СЕНЗАЦИОНАЛНО: Бо Мек Кејлеб пред трансфер во МЗТ!

Македонскиот репрезентативец е можно сензационално засилување за тимот од Аеродром. Управата на МЗТ Скопје Аеродром ќе се обиде да го убеди Лестер „Бо“ Мек Кејлеб во следната сезона да заигра во дресот на актуелниот македонски првак, пренесува Македонски спорт.

hitportal-bo

Според информациите кои доаѓаат од добро упатени извори блиски до клубот, натурализираниот македонски бек во текот на наредниот месец треба да дојде во Скопје и, веројатно, тогаш ќе биде финалната рунда од преговорите, кога и ќе се знае резултатот дали Мек Кејлеб наесен ќе заигра за МЗТ.

Американецот со македонски пасош во моментов е во Франција каде што игра за Лимож, но на тимот „не му цветаат розите“ и, најверојатно, сезоната ќе им заврши на 10 мај. На шест кола до крајот на регуларната сезона, Лимож заостанува три победи зад осмопласираниот Нантер, и има само теоретски шанси да се избори за место во плејофот. Ако со обврските кон Лимож, Мек Кејлеб заврши на 10 мај, тој уште утредента би можел да дојде во македонската престолнина.

Серена Вилијамс е 7ми месец бремена а и понатаму игра тенис

Серена Вилијамс и во седмиот месец од бременоста не се откажува од својата пасија  тенисот.

Тенисерката на изненадување на сите на Инстаграм објави видео на кое игра тенис, односно има лесен тренинг.

Не се работи за сериозно тренирање како што ќе каже таа, туку само за размрдување.

Погледнете.
 

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

ВИДЕО прошетка во куќите на Роналдо и Меси: Чија е поубава?

Иако на терените се вистински професионалци и фудбалски легенди тие двајцата немаат исти вкус надвор од терените барем кога се во прашање нивните куќи и мебел.

Затоа во продолжение следуваат анализи на двата дома на Меси и Роналдо па сами одлучете кој има подобар вкус.

Куќата на Меси се наоѓа во Барселона и е вредна 12 милиони евра, а има и базен и кошаркаско игралиште, погледнете.

Додека пак куќата на Роналдо е вредна 14 милиони евра и се наоѓа во Мадрид и повеќе делува како зграда со многу ходници и простории.

Додека Меси ужива сам во соседството на Роналдо се наоѓа неговата мајка, соиграчите Рамос, Бензема, Бејл како и тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне и неговиот клубски тренер Зинедин Зидан, погледнете.

(ФОТО) Меси и Суарез се расфрлаа со пари и алкохол- Нивната сметка од забавата на Ибица стана хит на социјалните мрежи

Фудбалерите на Барселона Лионел Меси и Луис Суарез се на заслужен одмор на Ибица, но случајно или не нив им прави друштво Цеск Фабрекас играчот на Челзи.

Триото стана хит на социјалните мрежи откако еден од келнерите се пофали на твитер со сметката која ја направиле фудбалските ѕзвезди истата вечер.

 

Con esos amigos que te regala la vida❤️ #summertime #losqueremosmucho . Gracias por estos días y por la sorpresita😜!!

A post shared by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on

Фудбалерите истата вечер ни помалку ни повеќе потрошиле 37.330 евра само за храна и пиење.

На сметката која е во продолжение јасно се гледа дека фудбалерите не се „штеделе“, а најмногу се потрошиле за 41 шише шампањ кое ги чинело 24.600 евра.

Популарно