Што крие вашата потсвест?

Овој психолошки тест ќе ви помогне да дознаете како гледате на вашиот живот, како ги надминувате животните препреки, каква е вашата природа и што е она што е најважно за вас. Вклучете ја имагинација и максимално брзо одговорете на сите прашања. Земете ливче и запишете ги одговорите.

test

1. Замислете дека стоите на пат. Каков е патот? (Уличка, автопат, голем, мал и сл).

2. Каде се наоѓа сонцето во овој момент? (Изгрева, заоѓа, напред, назад)

3. Пешачите по патот и одеднаш пред вас се појавува ограда. Опишете ја ограда. (дрвена, камена, железна, голема, мала и сл).

4. Како ќе ја поминете?

5. И ете, оградата веќе е зад вас, а во далечината се гледа шума. Каква е шумата? ( светла, темна, со зелени дрвја, голи дрвја…)

6. Се приближувате во шумата и гледате мало патче, по кое продолжувате напред. Одеднаш, на патчето гледате клуч. Каков е тој? Што правите со него?

7. По некое време излегувате од шумата и се приближувате кон едно езеро. Какво е езерото? Што ќе направите таму?

8. По езерото го гледате домот на вашите соништа, од него излегува жената / мажот на вашите соништа и Ве поканува да влезете и да останете таму засекогаш. Што правите вие?

9. Кон домот повторно гледате пат. Каков е? (Ист како на почетокот на патот, или поинаков).

10. Каде се наоѓа сонцето во овој момент?

test2

Значења на одговорите

1. Пат

Патот го покажува вашиот однос кон општеството во реалноста. Ако е асфалтиран и гледате автомобили или автопат – значи дека сте исклучително активни и се стремите да стигнете секаде. Во исто време наоѓате сили и време како за работа, така и за рекреација.

Ако е уличката мала или патот е неасфалтиран тоа значи дека водите мирен живот и настојувате да ги контролирате настаните. Ако гледате на патот нерамнини, мали камчиња – се грижите за нешто.

2. Сонце

Сонцето – тоа се вашите планови, цели, идеи. Ако изгрева – вие сте на патот кон нивно спроведување. Ако е над главата – значи веќе сте се зафатиле со реализација. Ако заоѓа – повеќето ваши идеи и планови се остварени, целите се постигнати.

3. Ограда

Оградата значи пречка. Колку е поголема, толку повеќе се плашите да ги надминее проблемите.

4. Начинот на кој ја поминувате оградата

Начинот на кој ја поминувате оградата значи како се справувате со проблемите. Ако ползите, ја заобиколувате или барате пукнатина во оградата – вие настојувате флексибилно да ги решавате проблемите. Ако самите си отворате пат низ неа – вие сте отворен човек, способен да донесува метеорски решенија.

5. Шума

Шумата е вашата природа. Колку е посветла, толку посветли ви се душата и мислите. Ако е мешана – вие сте интересен човек кој постојано се стреми кон нови знаења. Со борови или елки – стоите цврсто на земјата, многу сте рационални, знаете што сакате од животот. Вие исто така сте многу сигурни, па на вас секој може да се потпре. Колку е потемна толку сте подепресивни и ве мачат проблеми.

6. Клучот е вашата среќа

Колку е помал, толку поголемо значење за вас имаат духовната рамнотежа, среќата, близината со партнерот. И соодветно, колку е поголем, толку повеќе за вас приоритет се материјалните вредности. Колку е поубаво изработен толку поголемо внимание обрнувате на естетската страна во вашиот живот. Ако го понесете со себе, не сте подготвени да ги испуштате своите шанси. Ако само го одминете често им препуштате на другите да ги реализираат можностите пред вас.

7. Езеро

Езерото се вашите чувства, олицетворение на вашиот сакан човек. Колку подлабоко е, толку подлабоки се и тие. Ако е мирно езеро, тогаш вие и вашиот партнер сте избалансирани луѓе. Ако е брза река, водопад – вие сте страсна натура . За вас секој ден е вртлог од чувства, потребно ви е постојано внимание и присуство на саканиот.

Ако сте седнале крај езерото – доволно е присуството на саканиот човек, за да бидете среќни; ако се бањате во него, вие уживате во љубовта и односот со партнерот, за вас се многу важни знаците на внимание и нежните зборови.

8. Човекот од соништата

Домот + жената / мажот на вашите соништа ја покажува подложноста на искушенија и степенот на ризик.

9. Патот кон дома е вашата иднина

Ако по него продолжува да има пречки, значи не учите од своите грешки.

10. Сонцето зборува колку сте успеале да ги претворите плановите и соништа во реалност.

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Популарно