Што ни продаваат на пазарите: Јадеме лук од Кина, Грав од Киргистан, круши од Аргентина...

Компири од Босна и Херцеговина, сушен зеленчук од Индија и Кина, лубеници од Белорусија е само мал дел од асортиманот на овошје и зеленчук кој лани се нудел на рафтовите во маркетите и тезгињата на пазарите. Табелата со земји од кои сме ја увезувале оваа храна е прилично шаренолика. Иако Македонија е земјоделска земја, со овие продукти се храни и од увоз. Според Агенцијата за храна и ветеринарство минатата година од Грција Турција, Албанија, соседна Србија и од други земји увезени биле 6.096 пратки со 112.817.804 килограми овошје, зеленчук и нивни преработки.

Овошје и зеленчук се увезуваат и за да се зголеми понудата на домашниот пазар, но и како суровина за производство во индустријата за храна.

Сме свариле 450 тони леќа од Канада и Русија

Според податоците на Државниот завод за статистика, на домашниот пазар, лани, освен македонски, се нуделе компири и Србија, Хрватска, Косово, Австрија, Босна и Херцеговина, Франција и Грција. Од овие држави сме увезле 989.315 килограми компири. Сме јаделе домати од Албанија, Грција, Турција, Италија, но и Белорусија.

Најмногу лук сме увезувале од Кина (97.960 килограми), додека праз од Албанија. Краставици и корнишони трговците обезбедувале и од Албанија, Грција и Србија. Сушен зеленчук, цел или сечен на парчиња, од увоз се користело најчесто од Индија и Кина.

Сушен мешункаст зеленчук, во зрно, лупен или нелупен како и кршен, грав, сме увезувале, меѓу другите, и од: Киргистан (3.375.524 килограми), Молдавија (65.500 килограми), Египет (296.000 килограми). Леќа сме увезувале главно од Канада и Русија, вкупно 446.087 килограми.

Лупиме банани од Еквадор и Колумбија

Минатата година сме увезле 162.266 килограми свежи јагоди најмногу од Албанија и Грција, а мали количини од Холандија и Белгија. Свежи сливи, пак, во 151.089 килограми ни обезбедиле трговци од Србија, Јужна Африка, Бугарија, Босна и Херцеговина, но и од Шпанија, Чиле, Албанија, Грција, Италија, Јужна Африка и малку од Бразил.

Најмногу праски сме внеле од Грција и Русија, додека најмногу дуњи од Грција и Турција. Лани сме изеле и 975.795 килограми увозни круши, главно од Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Италија, Јужна Африка и Аргентина.

Македонија има свои јаболки, но на пазарските тезгиња и рафтовите во маркетите се продаваат и увозни. Така во 2016 година сме внеле 547.452 килограми увозни јаболки, најмногу од Грција, Босна и Херцеговина, Албанија и Италија.

Албанија е и прва замја на листата од каде што увезуваме лубеници (1.068.135 килограми), а трговците ги носат и од Грција, Белорусија, Романија и Србија. Трпезно грозје, пак, освен од Словенија, сме јаделе и од Чиле, Италија, Перу, Русија, Јужна Африка.

Лани сме изеле и исцедиле 6.200.372 килограми лимони, а тие биле, меѓу другите и од Турција, Грција, Аргентина и Шпанија. Банани, пак, ни обезбедиле во Еквадор, Колумбија, Костарика и Мексико.

Поради пестициди забранети 177,5 тони

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат контрола на овошјето и зеленчукот и нивните преработки кои се увезуваат во земјава.

- Минатата година се земени и анализирани 984 мостри од увозот. Забранет е увоз на 177.509 килограми овошје, зеленчук и преработки од овошје и зеленчук поради неусогласеност со безбедносните критериуми, во најголем дел поради зголемено присуство на остатоци од пестициди - велат од Агенцијата.

Зошто толку увезуваме?

За да се пренесе свежо голем дел од овошјето и зеленчукот се премачкува со восоци или се прска со средства, кои ќе спречат да ферментира или да скапе. Илија Каров, редовен професор на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип и доскорешен декан оценува дека состојбата на пазарот и кај нас и во опкружувањето не е добра. - Сметам дека трговците не бираат средства за поголем профит. На пример ние имаме наш ориз што стои тука, а увезуваме ориз. Се случува под име за домашен грав да се продава увезен од кој знае каде. Јас сум за заштита на домашното производство - вели проф. Каров.

Факултети.мк

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои обраќања имаа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и командантот на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка Андрес Јернберг.

Министерката за обрана Петровска во своето излагање посочи дека Армијата минува низ сеопфатен процес на модернизација и секоја дополнителна поддршка од сојузниците е добредојдена. Таа истакна дека донацијата ќе придонесе за зголемување на борбената готовност на Армијата.

– Нашиот одбранбен буџет континуирано расте, но секоја дополнителна поддршка од нашите сојузници е добродојдена. Оваа норвешка донација од 76 неборбени моторни возила значително ќе придонесат за зголемување на транспортните можности на единиците на Армијата односно за нивната борбена готовност, рече Петровска.

Министерката се осврна на бројните проекти кои се реализираат со поддршка на Кралството Норвешка. Со поддршка на Кралството Норвешка, Петровска вели, земјава го изгради Регионалниот центар за односи со јавност, кој во моментов е во фаза на интензивен развој во НАТО школа за односи со јавност, за кој рече, придобивки ќе имаат двете земји, но и НАТО сојузниците.

– Со ваша поддршка го изградивме Регионалниот центар за односи со јавноста кој во моментов е во фаза на интензивен развој во НАТО школа за односи со јавност од кој придобивка ќе има и Македонија и Норвешка, но и нашите НАТО сојузници. Вие сте земја партнер во рамките на Балканските медицински сили чие постојано седиште е во Република Северна Македонија, рече Петровска.

Амбасадорката на Кралството Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом, истакна дека дипломатските врски меѓу двете земји се зајакнуваат последните 30 години, особено по приемот на земјава во НАТО Алијансата во 2020 година.

– Во последните години уште повеќе ја зајакнавме нашата врска со посетата на Командантот на Гардата на Неговото височество кралот и нашиот началник за одбрана г. Ајрик Кристоверсен, распоредувањето на македонскиот хируршки тим во Авганистан, меѓусебната размена на кадети, посетите на ваши офицери и на нашата бригада Север и на Здружениот оперативен штаб и уште неколку други проекти, рече Мелсом.

Дополнително ја истакна програмата за размена на кадети како еден од поважните заеднички проекти и посочувајќи на посветеноста на Северна Македонија кон Алијансата.

– Ја видовме посветеноста што ја покажавте кон Алијансата. Ја гледаме не само воената опрема што ја дадовте на Украина, туку и зголемениот број војници што ги имате распоредено во различни мисии. Вашата цел да распоредите 10 проценти од вашата армиска структура е импресивна, истакна Мелсом.

Бригадниот генерал Андрес Јернберг рече овој ден е од историско значење, бидејќи ја одбележува најголемата донација на воена опрема што Кралството Норвешка воопшто ја има направено за земја од Западен Балкан.

– Точно е дека 36-те лесни пешадиски возила и 40-те камиони од Норвешка кои штотуку пристигнаа во Северна Македонија ќе ги зајакнат вашите вооружени сили, но тие исто така се и доказ за нашата заедничка посветеност на поддршката на Украина и на сојузничкото одвраќање и одбрана. Всушност ова е одличен пример за тоа како треба да се врши одвраќање и одбрана преку логистичка соработка во рамките на НАТО, рече Јернберг.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во своето излагање истакна дека во Алијансата не се членува само заради придобивки и бенефиции, туку заради вредности и принципи. Ѓурчиновски истакна дека земјава ја поддржала вистинската страна во војната во Украина, и како што рече, тоа го препознала Норвешка.

– Бевме конкретни и јасно детерминирани и се определивме и ја поддржавме вистинската страна во војната. Свесни бевме за одговорностите. Не се членува само заради придобивките и бенефиции, туку заради вредности и принципи. Кралството точно ги воочи нашите заложби, направивме координација со ГШ и со началникот во мојата официјална посета на Норвешка и во седиштето во Брисел и како што беше истакнато ова е голем историски ден за нашите вооружени сили каде што сме сите сведоци и можеме да ги воочиме 76-те возила кои од утре ќе бидат на македонските патишта за потребите на вооружените сили, меѓутоа и за сите граѓани на нашата татковина, истакна Ѓурчиновски. 

Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. 

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)

Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %). 

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Популарно