Што повеќе му штети на здравјето шеќер или сол?

Пред се, не треба да се заборави дека и шеќерот и солта играат важна улога во нашето тело и дека никако не смееме целосно да ги исфрлиме од исхраната...

Умереноста е клуч на здравата исхрана и секој кој сака здраво да се храни се обидува да го балансира количеството на внесени разни намирници. Додека со многу намирници тоа лесно ни оди од рака, шеќерот и солта често остануваат наши најголеми непријатели. Каде е границата на конзумација и што се случува во телото ако ја надминеме?

Пред се, не треба да се заборави дека и шеќерот и солта играат важна улога во нашето тело и дека никако не смееме целосно да ги исфрлиме од исхраната. На мозокот му треба шеќер како извор на енергија, а на мускулите за собирање и отпуштање им е потребна сол.

Меѓутоа, претераната конзумација на шеќер и сол може да предизвика здравствени проблеми, како што наведува др. Никет Сонпал, проф. по медицина на Универзитетот Тоуро, за womenshealthmag.com.

Природните шеќери, кои се наоѓаат во овошјето и 100 отсто природните сокови, не се тие кои треба да загрижуваат. „Таквите намирници и пијалоци во себе содржат бројни нутриенти, како витамини, минерали и протеини, кои му требаат на твоето тело” – објаснува диететичарката Кели МекКодри.

Од друга страна, газираните пијалоци, засладените сокови и разна брза храна како енергетски плочки, обично во себе содржат голема количина на шеќер и калории, со многу ниска нутритивна вредност. „Честата конзумација на тие производи веднаш ќе доведат до дебелина и дефицит на хранливи материи”, додава МекКорди.

Од шеќер до појава на дијабетис

Внесот на шеќер предизвикува ист ефект, го зголемува нивното на шеќерот во крвта и така поттикнува производство на инсулин. Инсулинот го внесува шеќерот од крвта во клетките, за да може телото да го искористи за енергија. Кога конзумираш шеќер во претерани количини, тоа влијае на способноста на организмот да создава резерви.

Поточно, „зголеменото производство на инсулин може да доведе до отпорност на инсулин. Телото тогаш почнува да произведува уште поголеми количини на инсулин и така уште повеќе ги полни резервите на маснотии” – објаснува др. Мардок Кели.

Со тек на времето, комбинацијата на отпорност на инсулин и прекумерната тежина можат да доведат до развој на дијабетис тип 2, што те сместува во ризична група за развој на глауком и добивање на срцев или мозочен удар.

За солта се уште се дебатира

Додека околу штетните влијанија на шеќерот речиси сите се согласуваат, делувањето на солта во организмот се уште е тема на многу дебати меѓу експертите. Тоа околу кое сите се согласуваат е дека на твојот организам му треба сол за да ја регулира телесната течност и преносот на информациите меѓу клетките.

Американскиот Центар за превенција и контрола на развој на болести наведува 2300 милиграми сол како препорачана дневна доза, што е еквивалент на една мала лажичка. Истражувањата, пак, покажуваат дека во западните земји луѓето ја надминуваат таа количина.

Со години солта се сметала за основен виновник за собирањето на водата во организмот и зголемениот крвен притисок, но тие тврдења се повеќе наидуваат на негирање од научната заедница.

Француските научници во 2014 година спровеле истражување на над 8000 возрасни граѓани и не успеале да докажат директна врска меѓу претераниот внес на сол и високиот крвен притисок. Заклучиле дека очигледно се работи за многу покомплицирана врска од што се мислело и дека солта нема толку силна улога во таа приказна.

Сепак, постојат ризични групи кои треба да внимаваат на внесот на солта, на пример постари од 50 години и лица кои веќе имаат зголемен крвен притисок. Шеќерот сепак потенцијално е поопасен. Ако немаш здравствени проблеми на кои солта и шеќерот можат да влијаат и се додека ги конзумираш умерено, всушност немаш некоја посебна причина за загриженост.

„Ако баш сакаме да прогласиме едно од нив поштетно, тоа сепак ќе биде шеќерот поради негативното влијание на здравјето” – вели Рејчелд Хеад, експертка за дијабетис.

Др. МекКорди додава и дека „солта е по потребна за правилна функција на организмот од шеќерот”.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно