Што велат лекарите за аналниот секс? За или против?

Што правите со партнерот во спалната соба е само ваша работа, но доколку сакате да експериментирате, добро е да слушнете и некој совет. Поради големиот број на збунувачки информации кои можеме да ги добиеме на тема анален секс, Cosmopolitan.com одлучил да поразговара со пет доктори за да дојде до одговор дали е добро или не да се практикува овој вид на сексуална игра. Еве што кажале докторите...

katja4

ЗА: Аналниот секс е релативно безбеден

- Ако гледаме од медицински агол, не постои причина зошто не би требало да имате анален секс. Секако, притоа мислиме дека морате да практикувате средства за заштита бидејќи секогаш постои ризик за пренос на сексуално преносливи болести. Исто така треба да водите сметка ако сакате после аналниот секс да преминете на вагинален, односно задолжително сменете го кондомот - Мајкл Крајмен

- Од медицинска гледна точка, аналниот секс е безбеден ако се определите за вообичаените мерки на претпазливост, односно ако користите кондом и многу лубрикант, со оглед на тоа што анусот е многу потесен од вагината. Многу жени уживаат во аналниот секс поради богатите нервни завршетоци кои го опкружуваат анусот како и поради високата сензитивност. Уште еден бонус кој влијае врз уживањето во овој вид на секс е тоа што не мора да имате страв од несакана бременост. Од друга страна, многу жени се против воведување на овој вид сексуална игра во својот кревет поради страв од настанување на непријатна ситуација или нечистотија. Советот е добро да се измиете или да користите клизма бидејќи таа опција ќе го зголеми уживањето и ќе бидете сигурни дека нема да доживеете некоја непријатност. – Алиса Двек

- Аналниот секс им нуди големо задоволство на многу жени затоа што нашите тела имаат многу, многу повеќе нерви кои го опкружуваат самиот анус. Но, мораме да напоменеме, ако ве привлекува аналниот секс ќе мора да бидете многу внимателни и добро да се заштите од сексуално преносливи болести – мора да користите кондом. Исто така, задолжително користете лубрикант. – Џенифер Гантер

Против: Постојат зголемени ризици

- Кога се работи за анален секс, една од најчестите грижи се однесува на пренос на хуманиот папилома вирус (ХПВ). Одредени видови на ХПВ вирусот предизвикуваат појавување на рак, а кога станува збор за анален секс, ХПВ во оваа област може да доведе до анален рак. Постојат документирани студии кои говорат дека кај луѓето кои имале анална пенетрација со повеќе партнери постојат поголеми шанси да добијат карцином на анусот, па така кај менувањето на повеќе партнери се препорачува користење на кондом. Останатите причини кои предупредуваат за потенцијални ризици во аналниот секс се однесуваат на ризик од настанување на инфекција ешерихија коли. Исто така, кај практикувањето на овој вид секс може да се развијат инфекции на уринарниот тракт, како и инфекции на цревата. Честото практикување на анален секс може да доведе до кинење и повреди на мускулите на анусот, па може да се појави фекална инконтиненција или неможност да го задржите празнењето пред да посетите тоалет. – Карен Елизабет Бојл

- Аналниот секс не може да предизвика бременост, но лесно може да се пренесе инфекција. Значи, ако кондомот пукне во текот на аналниот секс, разговарајте со лекар и искрено кажете му што се случило за да направите тестирање на сексуално преносливи болести. Доколку практикувате анален секс само како метод за заштита од потенцијална бременост, може да разговарате со доктор за да ви препорача различни начини на заштита, па така не мора да се грижите за бременост. – Ванеса Колинс

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно