Скопјанец загинал по пад од кров

Вчера околу 15.40 часот во Скопје, при пад од кров на фирма, С.Ј. (57) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди.

Истиот бил преземен од возило на Итна медицинска помош, но на пат за Ургентниот центар починал. Во 16.20 часот од страна на доктор од Ургентниот центар Скопје констатирана е смрт. Се преземаат мерки за цеосно расчистување на случајот.

Престрелка во Скопје

Во 21 часот синоќа на улицата „Петар Манџуков“ во Скопје, во спортска обложувалница непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработениот. Крадецот, како што информира денеска полицијата, со закана со пиштол од вработениот одзел 46.670 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Нова трагедија на автопатите - Загина тетовчанец

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила околу 8 часот вчера наутро близу патарината Групчин, загина еден тетовец.

Според полицијата, од засега непознати причини автомобил „бмв“ на автопатот Тетово-Скопје излетал од патот, при што од силниот удар, возачот го загубил животот.

Ученик претепал наставник во основно училиште - му ја скршил главата

Ученик (15) од гостиварското село Симница физички го нападнал наставникот Ш.К. (62) од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од истото село иму нанел телесни повреди.

По вербална расправија помеѓу 15-годишниот ученик и наставникот малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото. Друго лице од училиштето успеало да ги раздвои. Наставникот завршил со расекотина на левата страна од главата и оток на челото и бил пренесен во здравствена установа каде му била укажана медицинска помош.

15-годишникот, заедно со родителот, бил повикан во полициската станица Гостивар, а по целосното расчистување на сите поединости, тој ќе се соочи со соодветен поднесок.

Популарно