Скопје: Се судрил со пет возила и починал!

На 29.11.2016 околу 09,10 часот во кругот на КЦ-Скопје на паркингот на Клиниката на Стоматологија се случила сообраќајна незгода во која ПМВ„Голф“, управувано од М.К. (62) од Штип удрило во пет паркирани возила.

kliniki-brza-pomos-urgenten1

М.К. управувајќи го возилото во еден момент му се слошило. Штипјанецот починал додека му укажувале лекарска помош и го пренесувале во Ургентниот центар.

Скопје: Влетал со пиштол во кладилница и...

Непознат вооружен сторител синоќа ограбил спортска обложувалница во трговскиот центар „Скопјанка“ во Скопје.

МВР информира дека сторителот со закана со пиштол ги одзел парите од дневниот промет, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на крадецот и за целосно расчистување на случајот.

НОВА НЕСРЕЌА - Прегазено 4 годишно дете

Сообраќајна несреќа во која 4 годишно дете е повредено се случила вчера околу 15 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок.

-Автомобил „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистерски таблици управуван од М.Х.(48) од с.Долна Бањица-гостиварско, удрило во четиригодишно дете пешак од с.Камењане.  Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и укажана му била лекарска помош во КБ-Тетово, по што било пуштено на домашно лекување, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.

Ја грабнал и претепал својата поранешна девојка

Дваесет и пет годишната Ш.Т. вчера попладне на локалниот пат кон населбата Драчево во близина на мостот на “Маркова река“ била пресретната од М.Р. од с.Студеничани. Истиот бил со друго лице и со употреба на сила ја внел оштетената во неговото возило, по што се упатиле во непознат правец.

– По некое време М.Р. го паркирал возилото и околу 40-тина минути физички ја малтретирал, а потоа ја оставил и си заминал, додека истата со такси возило, кое случајно наишло си заминала. Во 00:40 часот оштетената се упатила на лекарски преглед  во ГОБ “8-ми Септември“, а потоа и во КЦ“Мајка Тереза“, каде по извршените прегледи констатирани и биле телесни повреди и била пуштена на домашно лекување – соопштуваат од МВР.

Причина за нападот најверојатно била претходна љубовна врска помеѓу неа и М.Р. СВР-Скопје превзема мерки за целосно целосно расчистување на случајот.

Популарно