Службите на готовс: Што кога педофилот ќе излезе од затвор?

Целиот Балкан беше во шок, откако во јавноста излегоа фотографиите од пред училиште во Србија каде што сега приведениот 37-годишен Ненад Стевановиќ Роки ја бакнуваше 13-годишната Н.С.

Во Центарот за Социјална работа во Врање се утврдени задачи и превентивни мерки на државните ограни и институции, како и училишни власри, здравство и родителите на девојчето Верица и Слаѓан Станисавлевиќ се со цел заштита на 13-годишното девојче.

2fimages-2fvranje-pedofil

Во средината на ноември следи ревизија на случајот, кога ќе бидат сумирани резултатите од акцијата за психолошко-социјалната заштита на девојчето од Врање, која поради компромитирачки фотографии на социјалните мрежи. По размена на мислењата, совети усвоени се стручни превентивни мерки за заштита на девојчето. Договорен е зголемен број на воспитувачки часови за работа со малолетници во ОУ „Раде Домановиќ“.

Во случајот активно се приклучени и судството и полицијата и нивните мерки и активности не се достапни за јавноста. Заводот за ментално здравје ќе продолжи по вообичаената процедура со психолошко социјален надзор врз малолетната ученичка.

-На соработка се обврзани и родителите, од чии повратни информации и делување кои во голема мера зависи заштитата на нивната ќерка по скандалозната педофилија над неа, изјави за српски Блиц, директорката на Центарот за социјална работа во Врање, Драгана Арсиќ.

Центарот за социјална работа ќе ги координира и насочува сите активности во реализација на договорениот план со цел подобрување за заштита на ученичката од седмо одделение и нејзините права како малолетничка.

Поради педофилија над малолетничка, Основниот суд во Врање му одреди 30 дена притвор на осомничениот Ненад Стевановиќ Роки.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно