Собирајте фискални сметки, Владата ќе наградува со стан, дуќан, автомобил…

Владата со наградна игра и подигање на јавната свест кај граѓаните  ќе ја зајакнува фискализацијата, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

fiskalna

Со собирање 20 фискални сметки од кој било износ, граѓаните ќе може да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,… Извлекувањето ќе биде во девет кола, а првото почнува на 30 декември.

- Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Наградниот фонд содржи еден стан и еден дуќан, кои ќе бидат распределени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола, рече Ставрески.

Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, како што информира Ставрески, ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.

Со измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, Ставрески истакна дека даночните обврзници, што се корисници на услугата, во моментот на издавање на услугата нема обврска да ја платата услогата, доколку не му биде издадена фисклана сметка.

- Согласно истиот Закон граѓанинот има обврска да ја чува фискалната сметка најмалку 15 метри од местото каде што се врши трансакцијата, со цел доколку УЈП изврши контрола да може да се констатира дали е или не е издадена фискалната сметка, нагласи Ставрески.

Со најавените измени на Законот за даночна постапка, спопред него, се предвидува објавување листа на должници, на доспеани и неплатени долгови по основ на данок на додадена врдност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и акцизи и царини.

- За сите должници кои подолго од 90 дена нема да ги платат јавните давачки ќе бидат објавени јавно на листа на веб страницата на Управата за јавни приходи, каде што ќе биде објавено името и презимето на должникот или називот на фирмата и други податоци кои се однесуваат на должникот, како и вкупниот износ на долгот, појасни Ставрески.

На листата ќе се најдат физичките лица кои нема да го платат долгот повисок од 120.00 денари во предвидениот рок и правните лица со долг над 300.000 денари, кој не е платен повеќе од 90 дена. Предвидено е 15 дена пред објавување на листата секој од должниците кој не платил подолго од 90 дена да добие опомена од УЈП и можност доколку плати да не биде објавен на листата.

- ИЗмените се цел да се намали даночната евазија, да се спречи или намали нелојаната конуренција, односно да создадеме поздрава конкуренција меѓу субјектите во стопанството и да се зголеми свеста кај сите за издавање и добивање фискални сметки, нагласи вицепремиерот и министер за финансии Ставрески.

Д-Р Митов: „Нашите генерации им го згорчија зборот држава на младите“

Животни приоритети и принципи е темата во новото издание на „Нешто конкретно“. Нашите гости зборуваат за тоа како ненормалното стана нормално и како кршењето на правилата стана правило.

 Проф. Д-Р Аце Миленковски, Д-Р Александар Митов, Дина Јашари и Сања Ристиќ на едно место и со многу слични но и различни приоритети. На почетокот на емисијата зборувајќи за почитта, како ја стекнал, каде, со кого и кон кого, ректорот на Универзитетот Скопје, Аце Миленковски ги испочитува гостите и водителката Снеже Велков со подароци кој им ги подели во студиото. За него најголем приоритет во животот е верата. „Се родивме овде во Македонија нашата вера ја определија бабите, дедовците, нашите родители и таа е преубава вера на која што ние и припаѓаме овдека во оваа држава, без верба во Бога ништо не правиме” рече тој и ја издвои пораката на Трамп дека никој не смее да се смета како најважен и најголем освен Бог.

Сања Ристиќ најголем приоритет си е самата себе, како мајка на две деца таа смета дека децата можат да бидат среќни и здрави и здраво да се развиваат само ако имаат среќна и здрава мајка. Таа истакна дека тој приоритет не значи оти треба да се грижи за својот физички изглед односно да си посетува масажи и фризери, туку работа на сама себе да живее во мир и спокој на душата, бидејќи само така може да делува и да биде добра мајка, добра партнерка и добра во кариерата.

 Д-Р Митов зборуваше за тоа како на младите во Македонија зборот држава им е згорчен. „Ние нашите генерации им го згорчивме зборот држава на младите, ги потсеќа на корупција, криминал и разно разни глупости и кога ќе им се каже зборот држава ги потсеќа на лошо“. Негов најголем приоритет во животот е секако семејството, но меѓу другите приоритети ја издвои својата градина каде вели дека собира енергија за сите останати обврски во текот на денот, единствено му е жал што нема повеќе време да им посвети на пријателите.

Дина Јашари се пожали од условите во државните факултети, студентските домови и потсети на тоа дека за разлика од нас во Љубљана постои бесплатно студирање и условите не се споредуваат. Но и покрај се оваа млада пејачка стои на тоа дека не сака да се отсели од Македонија за евентуална подобра иднина како што тоа го прават нејзините врсници. Разликата во возраста на нашите гости фантастично ги прикажа приоритетите на секоја една генерација кои секако со годините се менуваат.

Гледајте ја емисијата на нашиот канал на YouTube, а новата веќе следната недела од 17.00 часот на Телма.

НЕ ЗАПИРА ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ЗА ЛЕОНИД - DNK ја лицитира Златната бубамара, сумата достигна 150 илјади евра

Владимир Блажев од ДНК преку фејсбук информира дека утре во 22 часот завршува лицитацијата на нивната награда Златна бубамара, за хуманитарната помош за лекување на Леонид Индов, чија сума досега достигнала 150.000 илјади евра. 

Еден од лицитаторите исплатил 90 илјади евра.

„Другари ЛЕО видно расположен ви испраќа голем поздрав од Виена и ви се заблагодарува на сите вам за безрезервната поддршка која му ја давате изминатиов период, а посебно последнава недела.Да ве потсетам дека лицитацијата на Златната бубамара завршува утре во 22ч, а највисоката понуда до сега изнесува 150.000 денари. Начинот на лицитирањето ви е веќе познат. Ја пишувате сумата во коментар на мојот инстаграм (djshortypofficia) пост или на DNK фан страната на ФБ“, пишува Владимир Блажев.

Популарно