Денеска е среда, 11 ноември 2015 година, 315-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 50 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 16 минути, а ќе зајде во 16 часот и 18 минути.
Денов трае 10 часа и 2 минути.
Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во 5 часот и 43 минути, а ќе зајде во 16 часот и 27 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло за овој период од годината, со мала до умрена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе искачи до 23 степени.
Продолжува периодот на стабилно и суво време. До петок под влијание на релативно топла воздушна маса дневните температури ќе бидат во благ пораст, а за време на викендот ќе опаѓаат.