Денеска е понеделник, 3 ноември, 307-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 58 дена.
Денот трае 10 часа и 20 минути.
Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и седум минути, а заоѓа во 16 часот и 27 минути.
Месечината изгрева во 14 часот и 26 минути, а ќе зајде во еден часот и 53 минути по полноќ.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините и речните долини ќе има магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи од 10 до 16 степени.
Во Скопје слично време со температура до 13 степени.
За следните денови Управата за хидрометеролошки работи најавува суво време со максимални температури во интервал од 11 до 17 степени.