Српската пејачка јавно распали по синот: „Коцкар, не сакам да го видам”

Семејното недоразбирање помеѓу Злата Петровиќ, Хасан Дудиќ и нивниот син Мики доведоа до тоа пејачката да не сака да разговара со синот и јавно да го навреди.

– Тој веќе не ме интересира, нема да му помагам. Веќе не му давам пари, не сум јас будала. Одам, работам, се мачам за да му давам нему, а тој се прокоцкува. Му реков, го молев да престане, но не вреди. Ете и сопругата го напушти, ги одведе децата и сега живее сам. Пред седум години му дадов огромна сума пари за да го врати неговиот долг поради коцка и се заколнав дека веќе нема. Возрасен човек е, па нека биде одговорен и нека ги поднесе последиците, изјави Злата.

Таткото на Мики, Хасан, застана во негова одбрана.

"Срам да и е. Таа е зло! Како не и срам да кажува такви работи во јавност? Мики сега е човек на место. Ако се разведе од жената, тоа не значи дека се во кавга. Се слушаат, се гледаат. А тоа што се коцка, тоа му е наследно од нејзина страна, нејзината мајка беше коцкар, остро врати Хасан."

ФОТО: Вака изгледаше свадбената торта на Каролина и Михаил

Свадбата на годината меѓу поп-ѕвездата Каролина Гочева и уметникот Михаил Корубинсе случи викендов спортскиот аеродром Стенковец. Ова е еден од оние настани на кои се појавува речиси цела естрада, па додека траеше прославата постојно се споделуваа фотографии од свадбената веселба. Младенците споделија фотографија и од свадбената торта, која беше едноставна, на три ката, и на неа беа напишани иницијалите на младенците.

Невестата носеше венчаница купена од Италија во винтиџ стил, а подоцна се пресоблече во краток фустан. И Михаил се решил за елегантен костум исто така купен од Италија.

ФОТО: Невобичаена локација - Беквалац го покажа местото на кое ќе ја прави свадбата

Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ денеска ќе се венчаат на Ибица, а на романтичната венчавка ќе присуствуваат околу 30 нивни блиски пријатели и членови на семејството.

Освен што нема да се венча во Србија и што не крие дека ќе се мажи, оваа венчавка ќе се разликува од претходните две.

Наташа донела одлука за првпат да го земе презимето на сопругот, па од утре таа ќе се презива Лазукиќ. Оваа одлука го изненадило и нејзиното семејство, со оглед на тоа што во претходните бракови таа не се одрекувала од своето моминско презиме

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

Најемотивната честитка до Каролина: „Мојата принцеза ја доби својата бајка“!

Честитки до младите пристигнуваат од сите страни. Меѓу оние кои не можеа од разни причини да бидат на свадбената веселба и некогашната водителка на ТВ Алфа, Бона Пауновска која е сега среќно мажена и со своето семејство живее во САД.

Физички можеби не, ама со мислите и душата очигледно и таа била на свадбата на Каролина и Михаил. Социјалните мрежи и помогнаа она што не можеше лично да им го каже, да им гоп соопшти преку својот Фејсбук профил . Еве го нејзиниот емотивен статус и честитики!

„Денес е денот кога две сродни души си кажаа ДА! Две делчиња кои се одрониле од вселената и на кои им било запишано во ѕвездите дека еден ден ќе се најдат, се најдоа и денес слават поради тоа. Славам и јас од далечините бидејќи знам дека мојата принцеза ја доби својата бајка.

Измешани чувства- душава ми плаче што не сум таму, ама срцето ми се смее зошто знам дека и нејзиното се смее од љубов и прекраснотии! Знам дека  Михаил Корубин Михо нема да дозволи насмевката никогаш да се симне од нејзиното лице, како што тоа го прави изминативе години!

Бидете ми вечно среќни и заљубени и од убавини глава да не кренете никогаш! Ве сакам!“ –  напиша некогашната водителка на Фејсбук.

Популарно