Српскиот монструм Драган Ѓуриќ: И порано имав секс со деца и уживав во тоа!

Свирепиот убиец на 15 годишната Тамара,Драган Ѓуриќ е сигурен дека од државата ќе добие обештетување поради кршење на човекови права!

dragan-duric-1407623305-548467

Со тие пари планира да си го „среди“ лицето поради тоа што целиот живот имал комплекси поради лузните од мозолчињата во пубертетот.

Неговата ментална состојба секојдневно ги изненадува докторите од затворската болница во Белград, бидејќи им раскажувал најбизарни приказни.

Тој и понатаму не покажувал тронка каење, ладнокрвно до најситен детал објаснувал како се изживувал со младото девојче, а во меѓувреме тој бил сосема убеден дека ќе добие оштета од државата поради кршење на човековите права.

uica1

Ѓуриќ на психијатрите од болницата им раскажал дека и порано имал секс со мали момчиња и девојчиња но и со омажени жени.

-Тој одбива да разговара за тоа. Но неколку пати повтори дека сака да има секс со мали момчиња и девојчиња и дека тоа и порано го имал правено. Тој исто така се фалеше дека имал секс и со омажени жени, пренесува извор од болницата за Телеграф.рс.

Докторите процениле дека Ѓуриќ е сериозен случај на психопат и социопат, но дека не е луд. Тие сметаат дека е способен за судење и дека нема да може да ја избегне казната.

Него сеуште никој го нема посетено во затворот, а ни во болницата.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно