Страотна сообраќјка на патот Ниш-Белград: Почина дете, уште една пронајдена жртва

Дете повредено во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот кај Ниш, Србија, почина во болничкиот центар во Ниш. Претпладнето вна клиничкиот центар е донесено уште едно дете повредено во несреќата, а кое во првиот наврат не било пронајдено во темницата.

Несреќата се случила рано наутро на автопатот Ниш-Белград кога се превртело возило во кое биле превезувани илегални мигранти. Воизачот побегнал од местото на несреќата.

Во несреќата загинале двајца мигранти, десетмина биле повредени, меѓу кои и пет деца. Во автомобилот биле пренесувани 12 мигранти.

Престрелка во Скопје

Во 21 часот синоќа на улицата „Петар Манџуков“ во Скопје, во спортска обложувалница непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработениот. Крадецот, како што информира денеска полицијата, со закана со пиштол од вработениот одзел 46.670 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Нова трагедија на автопатите - Загина тетовчанец

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила околу 8 часот вчера наутро близу патарината Групчин, загина еден тетовец.

Според полицијата, од засега непознати причини автомобил „бмв“ на автопатот Тетово-Скопје излетал од патот, при што од силниот удар, возачот го загубил животот.

Ученик претепал наставник во основно училиште - му ја скршил главата

Ученик (15) од гостиварското село Симница физички го нападнал наставникот Ш.К. (62) од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од истото село иму нанел телесни повреди.

По вербална расправија помеѓу 15-годишниот ученик и наставникот малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото. Друго лице од училиштето успеало да ги раздвои. Наставникот завршил со расекотина на левата страна од главата и оток на челото и бил пренесен во здравствена установа каде му била укажана медицинска помош.

15-годишникот, заедно со родителот, бил повикан во полициската станица Гостивар, а по целосното расчистување на сите поединости, тој ќе се соочи со соодветен поднесок.

Популарно