Страшно невреме: Дожд, грмотевици, поплави и блокирани патишта - две жртви во Албанија!

Невремето во Албанија проследено со силен ветер и дожд предизивика поплави, недостиг на електрична енергија, оштетени мостови, блокирани патишта. Тоа денеска однесе и два човечки животи.

nevremesilnoalbanijaaiul78o78

Во општина Лура, животот го загубило дваесет и седум годишно момче кое било однесено од големиот тек на вода во моментот кога чистело канал во ХЕЦ„Лура1“. Втората жртва е 49-годишен рибар кој настадал во невремето во пристанишниот град Шенѓин.

Многу подрачја се поплавени, под вода е пола Тирана а без електрична енергија голем дел од земјата. Под вода е и автопатот Тирана-Драч а отежнато,поради одрони се одвива и сообраќајот на автопатот Тирана-Елбасан-граничен премин Ќафасан. Поради невремето и немирното море од синоќа не испловил ни еден пловен објект. Во Драч потонал рибарски брод.

На поголемиот дел од патните правци има одрони од камен, земја и дрвја а посебно состојбата е критична на патниот правец Тирана-Бурел-граничен премин Блато, како и патишта во ридско планинските делови на земјата.

Министерот за внатрешни работи.Саимир Тахири, свика итна седница на кризниот штаб.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно