Денеска е четврток, 6 октомври 2016 година, 280-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 86 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 18 часот и 7 минути.
Денов трае 11 часа и 32 минути.
Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 11 часот и 23 минути, а ќе зајде во 21 часот и 30 минути.
Временска прогноза
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Во западниот дел од земјата ќе дува ветер од западен и југозападен правец, а долж Повардарието и од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Во петок под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има повторно зголемување на облачноста и врнежи од дожд, особено во доцните попладневни и вечерни часови кога наместа врнежите ќе бидат и пообилни. Температурата ќе биде без позначителни промени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно време, во сабота релативно свежо со слаб до умерен северен ветер, а од недела ќе има благ пораст на дневната температура.