Денеска е сабота, 28 ноември 2015 година, 332-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 33 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 37 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути.
Денов трае 9 часа и 28 минути.
Месечината, која е во фаза на полна месечина, ќе изгрее во 18 часот и 50 минути, а ќе зајде во 8 часот и 44 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне во западните делови со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од четири до 11 степени.
Во Скопје облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до седум степени.
Во недела ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето и повремено засилен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе провејува снег. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат по постепен пораст.