Тажната вистина на сите „провинцијалци“ во Скопје

177879-koga-edno-utro-vo-vlez-kje-te-sretne-logikata

- Живееш у мал град. Зимаш 250 евра плата. Пцуваш мајки на се шо мрда пошто не ја бива, нема се паричка, да ти ебам градчето одвратно, крај на свето ли е тука, ништо не се дешава, мртвило, нема дека да се оде и слично. Одеш у Скопје да тражеш чаре. Наоѓаш слична работа, само повеќе платена. Сеа зимаш 350 евра. 150 од тие одат за стан и сметки, 50 евра те бањат за превоз пошто голем град, брзаш, темпо, некогаш мора и такси да земеш. Стануваш 2 саата порано за работа, враќаш се 2 саата покасно од работа. Ама битно си у Скопје. И така едно сабајле у влезо те сретне логиката, истуре ти кофа гомна врз главата, сврше ти у фацата, слика те, стае те на Инстаграм и си помине како ништо да не се е десило.

И немој да ми кукате зашо нема воздух да се дише.

Што се наоѓа стотици метри под улица „Македонија“, некои луѓе тврдат дека има…

Како дванаесетгодишно момче Људмил, нашинец од Австралија, открил урбана мистерија врзана за старо Скопје.

Тој ја раскажал неверојатна приказна за тајни ходници што како дете ги открил под сегашната улица „Македонија“ во 1963 година.

Претпоставува дека по ходниците се движела турската војска.

– Кога Турците бегале за Истанбул силно потиснати од нашите, меѓу останатите работи што ги носеле со себе биле и три коњски коли полни со злато. Само што немало никаква шанса да ги потераат коњите во тунелите кои влечеле претоварени коли.

Така што, трите коли сосе 6 луѓе на нив и по 4 коња на кола биле затрупани некаде под земја. Подобро им било да го затрупаат златото отколку да бидат фатени со него, а поради него убиени. Така тројца турски големци успеале да избегнат сигурна смрт.

Оваа информација ја имам многу одамна од еден стар скопјанец кој веќе одамна е починат. Оваа урбана легенда е таа што дополнително го разгори мојот љубопитен и авантуристички дух – раскажува Људмил.

Во истата таа 1963 година, кога ги открил капакот и мистериозниот ходник под него, и кога му се родила идејата да го истражи со надеж дека ќе ја разоткрие оваа урбана легенда која ја чул од старецот, Скопје го стресе катастрофалниот земјотрес. Руините што тој ги остави зад себе ја направија оваа негова авантура речиси невозможна.

– Ние, губејќи го нашиот дом, куќата на Петар Драшин, која го издржа земјотресот со мали оштетувања, но сепак беше срушена, се преселивме во населбата Влае. Иако не запрев со истражувањето на сите тунели и отвори што ги наоѓав, многу од местата каде што проценував дека водат, беа урнати и како да ја голтнаа тајната во себе. Легендата за тунелите под Скопје и златото на турските големци за мене остана урбана мистерија, која и понатаму ме скокотка, завршува Људмил.

Пронајдено починато лице кај МОБ

Починато лице било пронајдено утринава во близина на Македонската опера и балет.

Телото било пронајдено од страна на вработен во ЕВН во близина на трансформатор утринава околу 8:40.

Од МВР го потврдуваат случајот, но не откриваат повеќе детали. Полицискиот увид е во тек, по што ќе бидат познати повеќе информации.

(ВИДЕО) НОВ ЛУНА ПАРК - Град Скопје го објави изгледот на новиот забавен парк

Изминатиов   период   започна   реализацијата   на   капиталниот   проект   за изградба на нов забавен парк во Скопје. Денес граданочалникот Трајановски на својот фејсбук профил го откри изгледот на овој важен проект за главниот град.

Со ова, скопјани ќе добијат нов, модерен и атрактивен забавен парк, сонови  реквизити   и   забавни   содржини,  коj   ќе   биде   изграден   на  истата локација како стариот Луна Парк и истиот ќе биде на површина од околу 25.000 квадратни метри.

Важно е да се напомене дека  новиот забавен парк се гради во рамките на постојниот и дека нема да се зема површина од зеленилото од Градскиот парк. Изградбата на новиот забавен парк ќе се гради фазно, во повеќе години.

Извор: Skopjeinfo

Популарно