Тензиите нагло пораснаа, саудиските авиони слетаа во Турција: Готово е, Асад ќе го срушиме со сила!

saudiska-arabija-avioni-turcija-tocka-2016-01

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа - саудиските воени авиони пристигнаа во турската воена база Инџирлик, а Саудијците јасно порачаа: Асад мора да си оди!

Според последните информации, Саудиска Арабија веќе ги транспортира своите војници и авиони во турската воена база Инџирлик која што се наоѓа во близина на Сирија и моментално ја користат американските воени сили во борбата против Исламската држава. Оваа информација, денес ја потврдија и од турското министерство за надворешни работи.

Турците уште еднаш порачаа дека во партнерство со Саудиска Арабија, ако биде потребно ќе ја нападнат Сирија.

Се огласи и саудискиот министер за надворешни работи, Адел Ал-Џубеир кој во разговор за „СиЕнЕн“ изјави дека сирискиот претседател Башар Ал Асад мора да се сруши од власт со сила доколку пропадне политичкиот процес, а тоа не е ништо друго освен агресија врз сириската држава.

„Верувам дека Башар Ал Асад е многу слаб и верувам дека е готов“, изјави Џубеир во разговор со водителката на „СиЕнЕн“, Кристијане Аманпур.

„Башар Ал Асад ќе си оди - немајте никакви сомнежи во тоа. Ќе си замине со политички процес или ќе биде срушен со сила. Ние ќе се трудиме максимално политичкиот процес да биде доволен, но, ако тоа не резултира со негово заминување, тогаш станува јасно дека Асад ќе мора да замине со сила“.

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен.

Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени, но не било употребено огнено оружје во нападот, пренесува CBN News Chicago.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек.

Шефот на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден од нив е тешко повреден. Четири лица се префрлени во болници, каде нивната состојба е стабилизирана.

Повиците до полицијата и итните служби дошле од повеќе страни додека нападот траел приближно 20 минути, а екипите набрзо биле на терен. Од полицијата истакнаа дека засега не е јасна причината за нападот.

Тинејџер во Германија ги заклал родителите и братот, од смрт ја поштедил сестра си

Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко си ја повредил сестрата во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер била пренесена во блиската болница. Таа наводно се здобила со сериозни убодни рани, но нејзиниот живот не е во опасност.

Инцидентот се случил вчера вечерта, соопштија од полицијата и од државното правобранителство. Осомничениот е уапсен. Според полициското соопштение, целото семејство живеело во куќата во која се случил масакрот. Убиецот има германско и италијанско државјанство. Мотивот за нападот се уште е нејасен.

Според информациите од државното правобранителство, 19-годишникот се товари за тројно убиство без умисла и обид за убиство, а во текот на денот треба да биде изведен пред судија кој треба да одреди мерка притвор.

Во истата област, пред два месеци, 32-годишен син ги убил своите родители, а на крајот и себеси

Ни трага, ни глас од 100 лица по масакрот од Москва

Деведесет и пет лица се уште се водат како исчезнати по минатонеделниот терористички напад во Москва, јавија денеска руските медиуми.

Официјалниот биланс на загинати во нападот во Crocus City Hall сега е 140 мртви и 182 ранети.

Порталот База, кој има добри врски со руските безбедносни служби, објави дека на списокот се појавиле уште 95 лица кои нивните семејства ги пријавиле за исчезнати.

Руските истражители велат дека акцијата ја извршиле четворица напаѓачи со калашникови. Пукањето започна непосредно пред рок групата „Пикник“ да настапи пред 6.200 гледачи.

Оттогаш руските социјални мрежи се преплавени со повици за помош во пронаоѓањето на исчезнатите.

Собрани во чат на Телеграм, пријателите и семејствата ги споделуваат имињата на луѓето кои сè уште се бараат и нудат поддршка еден на друг.

Популарно