ТЕШКА сообраќајка кај Охрид

Четири лица биле повредени, од кои двајца се наоѓаат во тешка состојба, во вчерашната тешка сообраќајка што се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Вчера околу 22,30 часот две патнички возила се судриле на влезот во Охрид. Повредените итно се пренесени во охридските болници.

Полицијата повеќе детали најавува за денеска.

Сашо Тасевски во полициска станица!

В.д. директорот на Драмски театар-Скопје Сашо Тасевски вчера пријавил во полиција дека истиот ден во 10,30 часот, во службената канцеларија на Драмски театар-Скопје, пристигнало писмо адресирано лично до него.

Откако го отворил писмото забележал дека во истото има напишана порака со заканувачка содржина за него и други лица. Пријавителот појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на Фејбук.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Охрид: Ја уценувал со објавување на експлицитни фотографии ако не му биде девојка

Охридската полиција поднесе кривична пријава 43-годишниот Н.И. од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена".

Според полицијата, пријавениот, во неколку наврати на М.М (24) од Охрид и се заканувал дека ќе објави непристојни и фотографии и видео материјал доколу не прифати љубовна врска.

Тројца прилепчани уапсени пред трговскиот центар Сите Мол во Скопје

На 10.01.2018 година околу 21,50 часот полициски службеници од ПС Карпош во содејство со припадници на единицата “Алфа“ при контрола на патничко возило “Форд фокус“ со прилепски регистарски таблички паркирано во близина на ТЦ “Сити Мол“ откриле и заплениле одредено количество оружје и муниција. Имено при прегледот на возилото, пронајдени се: еден пиштол марка “Умарех“ 4.5мм 177; еден пиштол марка “Берета“ 4.5мм, еден пиштол марка “Екол Алп“ кал.9.мм , една фантомка црна боја; четири ножеви на расклопување; три помали ножеви скриени во футрола; еден куршум 9мм за огнено оружје-пиштол; еден куршум непознат калибар; седум куршуми за пиштол за светлосна звучна сигнализација, како и еден магацин од пиштол со 10 куршуми за светлосно звучна сигнализација и друго, стои во соопштението на МВР

Истовремено во ПС Карпош се приведени лицата А.К. (42), М.М. (31) и Ј.С. (32) сите од Прилеп, кои што биле во возилото и против нив по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Популарно