ТОП10: Ова се женските потреби во сексот

Истражувањето напавено на илијадници жени го даде одговорто кој ги итересира сите мажи. Што сакаат жените во сексот? Ова се топ10 одговори за кои се сложи понежниот пол:

ID1974-Seks-po-druzhbe-5-pravil-bezopasnosti

Бакнувајте ја, но онака како што треба

Вистинскиот бакнеж прави чуда. Бакнувањето е многу интимен, личен и страствен чин и со бакнежот може да се каже многу. Жените обожаваат вистински бакнежи. Започнете полека и нежно, следете ги нејзините реакции и ќе знаете како понатаму. Бакнувајте ја додека сте во автомобилот и чекате да се запали зеленото светло.

Започнете ја предиграта надвор од спалната соба.

За некои мажи предиграта значи допир, но многу мажи не разбираат дека најголемата ерогена зона е токму мозокот. Жената може да ја возбуди поглед, изјава, заведување… Жената сака да се чувствува пожелна, а сето ова не е потребно да се наоѓате во спалната соба. Можете да бидете каде било со предиграта на различни начини.

Преземете ја контролата

Многу жени сакаат во спалната соба партнерот да ја преземе контролата. Но, немојте ова погрешно да го разберете. Преземањето на контролата не значи дека треба да бидете груби. Во оваа смисла под преземање контола се мисли мажот да биде самоуверен, шармантен, заводлив, да ја почитува партнерката и нејзините желби. Кога жената сака мажот во спалната соба да ја преземе контролата тоа значи дека таа му верува и дека му се препушта, дозволува да ја „земе“.

Прифатете ја работата „таму долу“… сега и секогаш

Истражувањата покажале дека околу 75% од жените никогаш не постигнуваат оргазам со пенетрација. Што значи дека на жените им треба стимулација на клиторисот. Некои повеќе сакаат орален секс, некои стимулација со прстите, а на некои им помагаат и секс играчките. Не е се во пенетрација, запамтете го тоа и фатете се за работа, таму долу.

Нека се се врти околу неа

Жените сакаат да се чувствуваат посбно и посакувано. Потрудете се понекогаш се да се врти околу неа. Некои жени уживаат во масажа, некои сакаат кога мажот се труди да научи се за да задоволи. На некои им треба разговор… Било како било, не заборавајте да и дадете до знаење колку ви значи, но делата се важни, а не само зборови.

Различност на движењата

Понекогаш жената сака полека и нежно, понекогаш и треба секс на брзина. Но поголемиот дел од жените се пожалиле дека сексот често им е пребрз и прекраток. А ако сакате да поработите на обостраното задоволство, потребно е да се потрудите. Истражувајте, експериментирајте, разговарајте.

Играње улоги

Преземање на некои други улоги може да биде ослободувачки и забавно. Ако ставите разни костуми на себе, можеби ќе се ослободите од некоја ваша скриена страна. Во друга улога можете да се ослободите од некоја несигурност. Некои жени се палат кога ќе го видат партнерот во униформа.

Нека ја преземе и таа контролата

Моќта може да биде голем афродизијак. И додека некои жени повеќе сакаат мажот да ја преземе контролата во спалната соба, има и такви кои сакаат да ја имаат во свои раце.

Секс во јавност

И самата помисла на можноста да бидете фатени на некои жени им е многу привлечна. Не мора тоа да биде секс во јавноста со голем ризик да бидете фатени. Има жени кои откриле дека понекогаш им е возбудливо да не носат долна облека во јавноста, а особено ако знаат дека тоа го пали партнерот.

Соблечете ја полека

Пречесто паровите пребрзо преминуваат на главното. Преврзо се соблекуваат и пребрзо стапуваат во однос. Иако тоа може супер да функционира, бидејќи во прашање е страст, понекогаш е пожелно да се оди пополека и да се ужива во секој момент. Заведете ја полека, соблечете ја полека и нека вашите раце и бакнежи полека преминат на тоа што следува.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно