Денеска е петок, 26 август 2016 година, 239-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 127 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 52 минути, а ќе зајде во 19 часот и 18 минути.
Денов трае 13 часа и 26 минути.
Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 1 минута по полноќ, а ќе зајде во 14 часот и 44 минути.
Временска прогноза
Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност која повеќе ќе биде застапена во јужните делови на земјава. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието ќе има извесно засилување на ветерот.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 28 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во наредните денови следи период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата на воздухот, а кон средината на неделата ќе има услови за локален дожд.