Во Белград се случи вистинска трагедија на куќна слава кога околу 2 часот по полноќ сосед се разбеснил поради гласната музика и влегол и си ги убил првите соседи. Според податоците на српскиот Курир, се работи за 50-годишната Соња Б. која соседот ја убил со пиштол, при што починала на лице место, додека нејзиниот сопруг Бранислав е тешко ранет и се бори за живот. Нивниот пррв сосед, 58-годишниот В.О. се разбеснил за прегласната музика и влегол во нивниот дом и почнал да пука.
Подоцна, едно лице било пренесено на Ургентен поради повреда на главата.