ТРАГЕДИЈА: Ова е починатиот Македонец- познат неговиот идентитет

Mладиот штипјанец Ангел бил дел од екипажот на брод на корејска компанија, кој го обезбедувал од пирати, објави Канал 5. Од македонското министерство за надворешни работи го потврдија случајот, но сеуште нема информации како настапила смртта.Mладиот штипјанец Ангел бил дел од екипажот на брод на корејска компанија, кој го обезбедувал од пирати, објави Канал 5. Од македонското министерство за надворешни работи го потврдија случајот, но сеуште нема информации како настапила смртта.

Ангел А. е починатиот македонец, граѓанин на Штип, бивш припадник на вооружените сили на АРМ.

Во мошне штурата потврда за трагичната вест, што доцна попладнево пристигна во МНР, испратена од корејската компанија ХГС Кореа, на чиј брод наменет за превоз на стоки, се случила несреќата, стои дека во водите на Индискиот окен во близина на брегот на Шри Ланка, починал нивен вработен, инаку, еден од неколкуте Македонци, кои биле работно ангажирани за обезбедување на бродот од таканаречените морски пирати.

Други детали портпаролот на МНР, Боро Мирчески за Канал пет најави до крајот на денот или во текот на утрешниот, во зависност од тоа, како ќе пристигнуваат информациите од спомнатата компанија сопственик на бродот превозник.

Починатиот македонски државјанин беше семеен човек. Оженет, татко на едно дете, објави Канал 5.

18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Им дал 800 евра а за возврат му ветиле дијаманти, измамен кумановец во Скопје

На 26.03.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 73 - годишен маж од Куманово пријавил дека на плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра.

Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите. Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија. Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ужасната болест го згасна младиот живот на големиот талент

Омилениот актер на многумина, а сигурно еден од најталентираните Маринко Маџгаљ, на денешен ден пред осум години ја загуби битката со ужасната болест – ракот на панкреасот.

Маринко Маџгаљ, вечното момче, како што го нарекуваа, ќе остане запаметен по бројните величествени улоги.

Маџгаљ имаше само 37 години кога дознал за болеста, но за жал, веќе било доцна.

Лекарите му рекле дека му остануваат само уште три месеци живот, кои според пријателите и семејството ги живеел најдобро што можел. Снимаше серија во Црна Гора, отиде на хемотерапија и 20 дена пред смртта се крсти во манастирот Острог, иако поради својата слабост едвај издржа, што го криеше од многумина.

Маринко до последниот ден веруваше во опоравување и победа, што го докажа со објава на Фејсбук:

-Пријатели, пристигнаа многу пораки! Сите сте толку слатки, љубезни и полни со убави зборови и желби! Ви благодарам за секој напишан збор, ви благодариме за сите лекови што ги препорачувате, ви благодараме за желбите за брзо закрепнување! Ќе се обидам што поскоро да танцувам на сцената, да застанам пред филмската и ТВ камерата и повторно да бидам со сите вас. И пеам! Вашиот Маки ве сака сите!

За жал, тоа не се случи. Маринко беше погребан на 29-ти март на гробиштата Ново Бежание.

Популарно