Трендо во бомбите

Пошто почнаа просеравања на таа тема, главно од луѓе кои абер немаат за што зборат, да ви објаснам некои работи.

Trendo

Во последната бомба на Заев, во еден дел од муабетот со неговата шефица, Иво Котевски ѝ кажува на Гордана Јанкуловска дека сме се договарале да го шупчиме Горан Теменугов, долгогодишен новинар, моментално во Алсат. Мрачен план за заговор на злосторничкото МВР со наводно неутралниот Трендо против македонски новинар! Паднаа маските!

Немонтирано, нелепено и недодавано: Да, потврдувам дека е вистина, сме зборувале за тоа. И пазете, не само што сме зборувале туку и сме го правеле тоа! Горан ги добил тие пораки, Горан вратил на тие пораки, со слични заебанции. Кој уствари денес дознава вистина кога вистината за Трендо и Иво околу планот со Горан, веќе ја знае Горан? Што и кој дознава овде, побогу?

Сме го правеле тоа тие денови, години пред тие денови, го правиме години после тие денови. И тој нас, нормално, сам или во коалиција со некој од нас двајца.

trendo-vo-bombite-122721
Кој е кој во приказнава?

Јас сум Трендо. Го пишувам ова мада ич не ми е мерак, пошто е многу глупо.

Иво е оној од МВР. Прво вработување како новинар го имал кај мене, тоест јас сум го примил на работа, кога бев уредник на вести во Канал 5. Го знаев и од претходно, преку Логин.

Горан Теменугов ми дојде до истата редакција во Канал 5, од МТВ; порано или подоцна од Иво, не памтам. Супер дечко, со многу желба да учи занает. Малку его трип (мој сајт, јебига): пред неколку дена на својот Фејсбук Теменугов ги спомна уредниците кои му биле битни во неговиот 20 годишен новинарски живот:

-Saso Macanovski Trendo. Го избруси потенцијалот. Ме научи дека секој збор има своја тежина. Мајстор на кратка форма. За него се работи и за без пари.

Најтазе и најтаблоидно, за нај(крво)јжедните во публиката, еве нè последниот пат, пред некоја недела, во Лајка. Јас сум позади. Тој матниот, нормално.

Иначе, фала на прашање, одлична редакција беше тоа, заедно со Сашко Голов и покоен Душко Сиљановски уреднички ја водевме околу 2 години, од 98-ма до 2000-та. Па двајцата излегоа, а јас неколкумина од младиве направив уредници. Меѓу другите, и Иво и Горан. Беа таму и Васко Попетрески, Ивона Талевска, Весна Ковачевска, Биљана Зафировска, Марјан Ѓуровски, Тања Цветковска, Елена Симоновска, Бети, Невенчето, Гравче.... Р'гавме го црнци, али ќеиф.

Со Иво и со Горан оттогаш се имаме видено и слушнато безброј пати (хеј, 15 години го правиме тоа). Се слушаме за да се видиме, а се гледаме за да бидеме заедно. Што онака, најклошарски, што за да прославиме некоја убава работа во нашите животи (родендени, повишица на плата, деца ни се раѓале...). Знаат да дојдат и Невенка, Сашко, Владо стариот, Логин, чак еднаш и Здравкица (метео) ни дојде во Љуц! Ма, цут друштво.

И видете го сега чудото на денот: јас и Иво сме збореле да го лупаме Теменугов. Што, да ја знаете целата вистина бидејќи ја заслужувате (не), на врло голем ќеиф и сме го направил. Имате тројца пријатели, двајца од нив се договарале да го зезаат третиот. Овој ѝ кажува на шефицата за тоа. Јас сум им го кажал тоа на моиве од Трендоленд.

Така е. И?

Ако веќе заборавивте, повод за оваа непотребна приказна е бомбата "Вистината за Младенов".

Бог да го прости. Редок новинарски калибар, нема такви многу наоколу (моментално нема ич, додуша). Фали да седнеме како некогаш и да се испокараме или испосложиме за све живо и диво, како што тоа го правам ден-денес со овие двајца озгора и со сите мои други пријатели со кои имаме среќа да сме уште нешто живи. Штета, штета за него. Моите мисли се со Биљана и со децата.

Драги мои хејтери и за твит подраги хејтерки, заради Никола Младенови јас во својот живот имам сменето две битни работни места.

Првиот пат беше кога го напуштив Сител и дојдов во тогаш новиот Канал 5 (ви текнува, истата онаа редакција во која како новинари ми дошле Горан и Иво?). Вториот пат кога престанав да пишувам за Дневник и преминав во Фокус. За првото, додуша, ме заеба (пошто брзо го снема од Канал 5 а мене маме ми се еба со младата и неформатирана новинарска екипа; али реков, ќеиф беше), а второто (123 колумни за Фокус) го истеравме најдобро што може. Сè што си ветивме, и двајцата го исполнивме. До даска.

Драги мои хејтери и за твит подраги хејтерки, јас за Фокус имам напишано повеќе отколку што вие во Фокус имате прочитано.

И што друго да ви кажам за мрачниот заговор - Трендо и полицаецот Иво Котевски версус новинарот Горан Теменугов? Што да ви кажам за еден муабет што сте го чуле во бомбите на Заев во кој едниот пријател зборува дека со вториот пријател се договарале да го ребрачат третиот пријател?

И ќе се ребрачиме и ќе се сакаме, години и години после ова, да сме живи и здрави. Вие како стоите со пријателите? Се сакате и се ребрачите ли меѓусебе како ние тројца? Си пуштате смс пранкови и заебанции? Пробајте, знае тоа да биде забавно.

Штета, овој ден требаше да биде посветен на вистината за смртта на Никола Младенов. А не јас да ви раскажувам што курац правам со мои пријатели.

Ама, тоа е, си бараат луѓето објаснување.

Ете ви го.

Трендо за Off.net.mk,

пријател со Иво и Горан

п.с. Најжалното го оставив за најдолу:

Како се пали руљата, па војна можат да ви направат за крив курац бе абдали едни бесвесни!

Заев сака, но не може да и даде на Бугарија

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи“, напиша вчера премиерот Заев и додаде: Јас работам на доближување на ставовите околу разликите, и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!

Не знам од каде да почнам.... Ајде од почетокот. Први Август 2017 година. Денот на потпишување на договорот и изјавата на Заев дека со овој договор Бугарија го „признала“ Македонскиот јазик. Ммммм...НЕ! Единствено место каде се спомнува македонскиот јазик е последниот пасос во кој се вели:
„Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност. “
Значи, согласно уставот на Република Македонија, што значи дека јазикот целиот свој легитимитет го влече од уставот, кој е менлива категорија и постои едвај 30тина години. За разлика од уставот, македонскиот јазик е официјален јазик векови наназад. 
Токму догооворот за добрососедство и лагите што тогаш ги ширеше Заев, се јасен аргумент дека премиерот знаел што го очекува и дека и сега знае што следува. 

Следно, „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“. Јазик не се признава. Јазик  постои и се кодифицира(стандардизира). Тоа што оваа влада постојано повторува дека македонскиот јазик е признат во 1977 година во Атина е само уште лага, со која повторно им се дава оружје на бугарските тврдења дека станува збор за бугарски дијалект. Во 1977 година во Атина со резолуција е усвоена латиничната транскрипција на македонската кирилица. Толку! Не се работи за никакво признавање, затоа што такво нешто не постои! Како тоа некој да ви признае јазик? Кој е тој што го може тоа?

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“, колку и гордо да звучи, нема никакво значење во спорот со Бугарија и Заев го знае тоа. Софија секојдневно повторува дека тие немаат проблем со тоа што ние денеска сме Македонци и зборуваме македонски јазик, туку со нашето минато. На Бугарија во моментов не и гајле дали сме ние Македонци, туку што тоа биле нашите предци. „Македонија и македонскиот народ се творба на Тито. Излажани Бугари, а македонскиот јазик е само дијакт на бугарскиот“. Тоа е ставот на Софија и во ништо не се оспорува со „гордата“ изјава на премиерот. 

„Етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас“. И со оваа реченица Бугарија нема никаков проблем. Како што реков и пред малку, Софија признава дека сега сме различни народи, со различен идентитет. Тие ја сакаат историјата. Тоа многу отворено го кажа нивниот министер, кога рече дека убаво што Заев прифаќа заедничка историја, само уште да признае дека е бугарска. 

„Јас работам на доближување на ставовите околу разликите“. За некој да работи на доближување на ставовите, прво треба да има став, а Заев го нема. Дури и кога личи дека го има, ЛАЖЕ! ЛАЖЕШЕ дека нема да се смени устав со цел да се смени уставното име! ЛАЖЕШЕ дека со „Преспанскиот договор“ е бетониран идентитетот, но ја изгубивме пола историја (историја +традиција +култура+јазик = идентитет). ЛАЖЕШЕ дека со договорот со Бугарија, Софија го „признала“ македонскиот јазик. ЛАЖЕШЕ дека не постои „Тиранска платформа“. ЛАЖЕШЕ дека сме добиле датум за прговори со ЕУ, барем 12 пати. ЛАЖЕШЕ дека има писмени гаранции за почеток на преговори со ЕУ. ЛАЖЕШЕ дека Бугарија во втората светска војна била само администратор во Македонија. ЛАЖЕ и сега! Заев нема став, затоа што тој не се обидува да го реши спорот со Бугарија за доброто на Македонија, туку за свое добро. Во ситуација кога земјава е задолжена над 60% од БДП (високозадолжена земја), по што му е јасно дека повеќе нема да може да се задолжува и многу скоро ќе остане без пари за плати и пензии, единствен спас му се европските фондови. Во ситуација кога Македонија е 7ма по смртност од Корона, а ситуацијата до прва ќе се влошува, Заев знае дека многу скоро (на пролет) ќе мора на избори. По сите порази, на сите полиња, Заев знае дека неговата политичка кариера завршува со тие избори. Но, не е тоа главниот проблем на премиерот. Она што него навистина го плаши е прогонот кој што му следува. При "All in“ има само две можни. Ги собираш сите чипови (успеси) од масата или губиш се, па дури и слободата. 

Заев во моментиве е давеник, налик Груевски пред неколку години. Разликаата е што Груевски бараше спас кај народот (кој го пљачкаше со години), а Заев очекува да му помогнат странци. Она што сеуште не го разбрал е дека, кога ќе ја изгуби довербата кај народот, странците нема да го есапат. Завршено е! Сега дури и да прифати дека до вчера сме биле Бугари, а јазикот ни е препишан од бугарски буквар од 1943 година, никако не може да му понуди гаранција на Борисов дека тој договор ќе биде почитуван од наша страна. При таков договор, диру ни почеток на преговори со ЕУ нема да му донесе победа на изборите, а тоа Софија го знае. Затоа, сега потписот на премиерот не вреди ништо во Бугарија. Од таму и изјавата на Каракачанов дека изјавите на Заев се празни зборови, му требаат дела. Делата Заев не може да ги понуди! Единствено што може да направи е дополнителна штета во односите со Бугарија со уше некој анекс договор, за кој нормално ќе ЛАЖЕ што подразбира. Ова не значи дека давеникот ќе престане да прета и да се бори за воздух и по цена на други жртви, но крајот е блиску, а СДСМ никако не може да го запре. 

По сите понижувања и неуспеси кои како народ ги доживеавме под оваа владејачка гарнитура, добрата вест е дека за неколку месеци ќе заминат во историјата (во онаа црната). Лошата вест, доколку драстично не се променат работите, е дека Мицковски ќе биде новиот премиер. Сегашниот лидер на ДПМНЕ кој не направи ама баш ништо, да го спречи Заев во своите антимакедонски политики, премиерската позиција ќе ја добие на тацна. Слично како што ја доби и претседателската функција во својата партија. ДПМНЕ под лидерство на Мицкоски не доби ниту едни избори, не оствари ниту една победа! Ако толку може како партиски лидер, колку (ич) ќе може како премиер?

Можеби малите партии (од кои се издвојува Левица) ќе можат да го искористат вакумот, но сеуште е рано да зборуваме за премиер кој не е челен на СДСМ или ДПМНЕ. 

Автор: Пацифист

(Фото) Му се слошило на работа, западнал во кома, а брзата помош го однела... ДОМА

На социјалните мрежи во Фејсбук групата "Стари Скопјани" се најде статус каде еден од членовите на истата група раскажа за случка која се случила во неговото семејство.

Имено, неговиот зет за време на работа му се слошило и се онесвестил. Неговите колеги повикале брза помош, но тие наместо веднаш да го хоспитализираат тие го транспортирале само до ДОМА.

"Состојба тогаш: не зборел, не бил при свест, не мрдал не бил контактибилен. Тој е на возраст од 40 години,а работи во близина на ГОБ "8ми Септември", ( па нели требало прво да го однесат на некакво снимање, преглед и сл, па така барем беше во наше време. Од како го донеле дома му ставиле инфузија и си заминале и ја повикале ќерками од работа. Сега мојот зет лежи во КОМА, не сум по таа струка за да знам што му е, но само лежи без никакви знаци. Денес дојдоа еднаш од брзата помош да му сменат инфузија и оставија некое кесе, па ќерками ми напиша на ливче што се треба да купам од аптека, изгледа ќе треба сами да го боцкаме. Понатаму ќе ве известам како ќе течат работите, но еве како се спремни оние од екипата на Филипче да помагаат на болните во време на пандемија."

"Мајко Македонијо" те ранија, те омаловажија, стана безимена

Ех, Македонијо мајко моја, Те ранија, те омаловажија, стана безимена. Станавме затворен логор. Потпишавме капитулација. Останавме затворена ковид држава. Секој ден гледаме луѓе без насмевка, луѓе со маски и тешки мисли “Како да издржиме и месецов?”. Во држава во која се шири вирусот со невидена брзина, каде секојдневно имаме над стотици заболени. Дури некои се спремаат за избори, народот се заразува.

ИЗБОРИ ЌЕ ИМА! Има ли пилот во авионот со име МАКЕДОНИЈА? Економијата ни тоне, здравството колабира, а сиромаштијата влегува во фаза на ЕПИДЕМИЈА.

Здравствените работници со последни сили се борат, десеткуваани, заразени и деградирани. Некои земаат картички, некои не но сите заедно и сложно се борат против невидливиот непријател. Без нивната храброст и пожртвувсност ќе бевме Вухан на Балканот. Со ваков галопирачки развој на вирусот, со ваква неспособна власт, ќе имаме долго, топло и пеколно лето и многу ладна есен и зима. Државата ќе банкротира со колабирано здравство, пандемија на сиромаштија и корона.

Ех.. МАКЕДОНИЈО.

М-р Боби Бојчевски

Популарно