(ФОТО) Трговски центар ги отворил вратите за напуштените кучиња

Еден трговски центар во Истанбул овие денови е во ценатр на вниманието. Посебно за онаа јавност која ги сака животните. Од таму доаѓа една фотографија која ја освои светската популарност и има повеќе од 200 илјади прегледи.

На неа се наоѓаат кучиња, напуштени, но згреани. И се тоа благодарение на големите хумани срца на вработените во трговскиот центар.

Имаше снежно невреме во Истанбул. Оваа фотографија е направена денес во Атриуму, еден трговски центар во Бакиркој, дел од Истанбул во Турција. Забележав и една госпоѓа која ги храни. Ја прашав да ја сликам со кучињата, а таа ми одговори:

- Не е потребно, фотографирај ги нив. Таа е херој! - напишал корисникот споделувајќи ја фотографијата на социјалните мрежи.

Како што можете да забележите, во ходникот на овој трговски центар се поставени картони на кои кучињата удобно се сместени. Вработените ги покриле со меки и топли ќебиња за дополнително да ги стоплат.

Ова можеме да го направите сите, зарем не?

(ВИДЕО) Најтажното видео на светот: Крава 4 години секој ден го запира автобусот кој и го убил единственото теле!

Во Индија постои една крава која секој ден доаѓа на едно исто место, пред еден ист автобус. Пред четири години, тој автобус и го убил единственото теле кое некогаш го имала. Не доаѓа да тагува. Доаѓа да го запре!

Секогаш кога ќе наиде, застанува пред него, го напаѓа, а не запира ниту едно друго возило. Понекогаш само го успорува, а понекогаш целосно го запира автобусот, но оваа мајка не се откажува. Се обиделе да ја променат бојата на автобусот, но чувствува дека е истиот.

Којзнае, нејзината упорност нема да го врати она што го изгубила, но можеби ова е сепак победа за неа, бидејќи ако повеќе ниту едно животно не загине под тркалата на тој автобус, во нејзиното срце правдата можеби ќе биде задоволена.

(ВИДЕО) Во шок гледала како див којот го напаѓа нејзиното куче - Нема да верувате што снимила камерата за надзор

Во шок гледала како див којот го напаѓа нејзиното мало куче. Еве што снимила надзорната камера.

Еден мал териер чудесно преживеал брутален напад од страна на див којот кој се појавил во дворот од една куќа во предградието на Чикаго во САД.

Којотот во почеток прво кружел околу малото кученце, а потоа го нападнал и почнал да го влече по земја. За среќа, во тој момент се појавила неговата сопственичка и го исплашила којотот кој веднаш избегал.

Кученцето на крај завршило со крвава глава, но имало среќа што воопшто останало живо.

(ВИДЕО) ЅВЕЗДАТА Е РОДЕНА: Папагал кој одлично свири и пее

Сите знаеме дека постојат папагали кои можат да зборуваат. Тие се ускладуваат и со звуците кои слушаат.

Овие папагали може да доживеат и до 80 години.

Ова видео е снимено во Бразил и на него ќе видите како гитаристиот Нен Алфенас и неверојатниот амазонски папагал пеат во дует.

Популарно