Цела недела Скопје беше како во ,,Враќање во иднината"

Борби на сумо роботи, трки, натпревар во играње и во прецизност беа претставени на синоќешниот натпревар RoboMac 2014.Финалето на натпреварот се одржа во Домот на АРМ, на кое учествуваа 100 студенти (66 од македонските технички факултети) и 34 студенти од различни европски држави–Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Грција, Унгарија, Полска, Шпанија, Италија, Латвија, Романија.

Robomak

RoboMac меѓународниот натпревар за роботика, програмирање и вештачка интелигенција го организираа IEEE – SBM,ЕЕСТЕК ЛК Скопје и СПФЕИТ, a домаќин на настанот, како и секоја година, беше Факултетот за електротехника и информациски технологии.СтудентскиотогранокнаМакедонскатасекцијана IEEE ја добинаградата„Darrel Chong Student Activity Award“, што,всушност,претставувапризнаниеза RoboMacодсветскатаорганизација IEEE, објаснува Маја Целеска, претседател на студентскиот огранок на Македонската секција на IEEE.

“Огромно задоволство беше да се прими награда од најголемата светска организација за инженери- IEEE, која во RoboMacпрепозна настан достоен за едно вакво признание. Впрочем, наградата заедно со задоволните учесници се поттик наредната година да се организира настанот на едно академски покомплекснои повисоко ниво“, вели Целеска.

Преку овој настан се овозможува студентите, практично, да се запознаат со најновите технолошки постигнувања во светот.

„Со овој настан овозможивме студентите да се запознаат со најновите технолошки достигнувања во роботиката и вештачката интелигенција. Исто така, практично, овозможивме студентите да ги применат своите програмерски знаења. Македонските студенти работеа во интернационални тимови и на овој начин, ги проширија своите видици, размислуваа глобално и разменуваа идеи, искуства и знаења“, објаснува Емилија Симоновска, главен организатор на настанот од ЕЕСТЕК ЛК Скопје.

RoboMac2014 година претставува микс на зњаење и практично искуство во областа на роботиката, можност за заедничка работа на македонски и студенти од цела Европа.

„Предавањата на кои учествуваме на RoboMac2014 ги дополнија и подобрија нашите знаења во роботиката. Ова, дефинитивно, беше најинтересниот настан, иако досега сум бил на слични настани низ Европа. Работевме тимски, запознав нови колеги од цела Европа, го зголемив моето искуство“, вели Пати Рамос, учесник од Шпанија и еден од наградените студенти.

 Своето знаење и вештини студентите ги покажаа во различни категории. Сумо роботите беа програмирани да го истуркаат противничкиот робот надвор од рингот. Категоријата Роботска рака, всушност, претставува механичка рака која ги симулира движењата на човековата рака и прецизно и брзо извршува зададени задачи. Хуманоидите или човеколиките роботи изведуваа комплексни и природни движења според одредена кореографија на музика.Некои роботи се тркаа на одредена линија, а други има обврска да погодат вистинската мета, да следат одредена линија и да детектираат различна боја.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно