Цеца пее по ромски свадби!

Најголемата балканска ѕвезда, Светлана Ражнатович - Цеца, пеела на ромска свадба во Рим и заработила неверојатни 100.000 евра, јавува српски Ало.

Според блиски извори, нејзиниот настап чинел 50.000 евра, но на свадбата која била одржана во Рим познатата пејачка како бакшиш заработила уште 50.000 евра, пишува српски „Ало“.

Откако пристигнала во Рим, на пејачката и било обезбедено сместување, луксузни возила и обезбедување.

- За тоа како се чувствувала после настапот, дали е задоволна од третманот и заработката, и зошто одлучила да настапи на оваа веселба, не дознавме од Цеца која не се јавуваше на телефон ниту пак одговараше на пораките, пишува српски „Ало“.

Мачор на прошетка низ Европа: поминал 900 километри за половина година

Една Холанѓанка по шест месеци тага си го пронајде изгубениот мачор, Пепер. Тоа и не би било така невообичаено, доколку миленичето не е најдено во - Австрија, цели 950 километри од својот дом, јави телевизијата ОРФ.

Мачорот бил згрижен во една ветеринарна клиника. За среќа, имал и микрочип, по којшто неговата сопственичка и била пронајдена. На дамата и се посреќило и тоа што еден Австриец се пријавил доброволно да и го однесе мачето до нејзиниот дом.

Веројатно никогаш нема да дознаеме како тоа стигнало до Австрија, но едно е сигурно - наскоро Пепер ќе се врати дома. 

Тајчи го пееше хитот „Хајде да лудујемо“ - денес е пред најтешката животна драма

Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, беше голема ѕвезда во поранешна Југославија, која се прослави со хитот  „Хајде да лудујемо“.

Кога започна војната во Хрватска, Тајчи одлучи да оди на студии во САД, каде продолжи со музичко и сценско усовршување, појавувајќи се повремено во мјузикли во Лос Анџелес. Таму го запознава пијанистот и композитор Матју камерон за кого се мажи во 2000 година, а денес пее во цркви.

Таа живее со сопругот и децата во Охајо, но сега е пред животна драма. Сопругот Метју веќе некое време води битка за животот. откако му е дијагностициран рак на белите дробови.

Лекарите за жал му предвидуваат дека ќе живее уште само една година.

Популарно