Денеска е понеделник, 9 ноември 2015 година, 313-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 52 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 14 минути, а ќе зајде во 16 часот и 20 минути.
Денов трае 10 часа и 6 минути.
Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 3 часот и 49 минути, а ќе зајде во 15 часот и 23 минути.
Временска прогноза
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температурата ќе се движи од 14 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температурата до 19 степени.
Продолжува периодот на стабилно и суво време. Утре и во вторник ќе има појава на умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Под влијание на малку потопла воздушна маса дневните температури ќе бидат во благ пораст.