Убиен велешанец со пет куршуми, убиецот фатен на место

8e7ad63e190e124bafb1b85414715071

Полицијата кратко информира дека имаат приведено едно лице, како можен сторител, по денешната вооружена пресметка меѓу две лица. Пукањето се случило околу 14 часот, а кога полицијата дошла околу 14 и 20 осомничениот бил над застреланиот, кој во тие моменти с? уште бил жив. Осомничениот при апсењето не давал отпор.

Соседите опишуваат што виделе, иако никој од нив не бил сведок на злосторството кое се случило во дворот од домот на Коцев.

- Слушнавме истрели мислам дека беа пет, од дворот на комшиите. Потоа видовме како Тоше излегува надвор пред вратата и друго лице, кое држеше пиштол во рака. Комшијата беше долу со многу крв во пределот на стомакот, овој со пиштолот над него. Дојде полиција за кратко време и го собра, а повредениот го однесоа со кола на Брза помош во болница - изјавиле соседите, видно потресени од настанот.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес, информираа дека кај нив во 14 часот и 40 минути бил донесен застрелан пациент.

- Лицето на возраст од 43 години, имаше повеќе прострелни рани во пределот на градите и стомакот. Имаше видливо крвавење, беше реанимиран и кога требаше да започне оперативниот зафат, тоа почина - изјавил портпаролот д-р Петре Кодовски.

На местото каде бил пронајден убиениот засега се пронајдени пет чаури. Неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. За можен сторител на убиството се сомничи лицето Б.Ш. (31).

- Тој со Тоше кај него дома цела ноќ беа заедно, до сабајлето, играа карти. Беа добри пријатели, живееја, не знам што било причината за вака да заврши нивното пријателство. Не можам да ја разберам причината зошто Тоше е застрелан - вели близок роднина на застреланиот. На лице место се јавен обвинител, екипа на СВР Велес а се чека да пристигне форензичка екипа од Скопје.

Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. 

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)

Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %). 

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Популарно