Убиецот од Кавадарци: Не ми давајте притвор - јас не сум опасен!

Не преставувам опасност по околината, не ми одредувајте мерка притвор, барал од судијата во претходна постапка на велешкиот суд осомничениот за трократното убиство во Кавадарци, објави Канал 5.

231075

На четириесет годишниот Тони Станоев барањето не му беше прифатено. По два часа откако полицијата го донесе во судот и му беше одреден бранител по службена должност тој заврши на издржување 30-сет дневен притвор во затворот во Шутка. Против него е поднесена кривична пријава за три кривични дела, убиство.

Осомничениот Станоев  беше уапсен вчера околу 11.30 часот на градските гробишта во Кавадарци во акција што полицијата ја презеде откако го бараше на повеќе локации во градот. Веднаш го лоцирале како се крие меѓу гробните парцели. На полициската наредба да застане, Станоев, извадил пиштол и се дал во бегстство.

Потоа се случила бркотница во која полицијата испукала предупредувачки куршуми во воздух. Станоев во еден момент бегал низ околните улици но се предомислил и пак втрчал во гробиштата. Потоа бил обиколен и по кратко убедување го спуштил пиштолот по што бил лишен од слобода. Осомничениот за трократното убиство ,во изминатите 24  часа беше задржан во полициската станица во Кавадарци. Полицијата со него обавила разговор.

Според полицијата Станоев претходно бил пријавуван за кривичните дела насилство, нанесување телесна повреда и одземање малолетник. Овие пријави му биле поднесени пред  9 ноември кога се случи трикратното убиство во семејната куќа на Леови во Кавадарци. Тој е осомничен за убиството на 61 Илија, 56 годишната Билјана и 33 годишната Снежана, Леови, родители и сестра, на неговата поранешна сопруга Данче.

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Популарно