Мртво тело на 65-годишен пензионер, на кое имало убодни рани, било пронајдено во неговиот дом во центарот на Прилеп.
Обвинителот Ристо Шошески за дописникот на Телеграф.мк потврдил дека на телото на 65-годишниот В.М. по потекло од Могила, имало траги од насилство.
Сања Стаматова од СВР-Битола истакнала дека сопственикот на станот неколку дена се обидувал да го најде кираџијата В.М. и најпосле ја повикал полицијата. Заедно ја отвориле вратата и во една од собите било најдено избоденото тело.
- На местото излезе обвинител и увидна екипа на полицијата. Наредена е обдукција - информира Стаматова.
Според соседите, пензионерот добивал американска пензија, па многумина убиството го поврзуваат со тој факт.
Во текот на денешниот ден ќе бидат објавени и дополнителни детали за овој случај.