Урнат споменикот на стреланите скопјани до Kамениот мост

Споменикот на стреланите скопјани повеќе го нема до Kамениот мост - на местото каде што на 13 ноември 1944 година германските фашисти за одмазда стрелале деветмина граѓани, случајни минувачи, пишува Дневник.

Обележјето е урнато при изведувањето на градежните работи за новите објекти околу плоштадот Филип Втори, но надлежните не знаат кој го урнал и кога ќе се постави ново.

267FA5EA004CF24D9BFD6B43C6105A8C

Потомците се разочарани што споменот за нивните стрелани предци го нема и што задутре нема каде да положат цвеќе во чест на деветте загубени животи, токму на денот кога Скопје ја доживеало слободата од окупаторите.

Пред неколку години овој споменик беше изваден од местото каде што беше поставен во педесеттите години и беше поместен неколку метри подалеку за да може да се стави новиот споменик на „Свети Kирил и Методиј“. Денес го нема.

Михајло Ѓуриќ, чиј татко е еден од стреланите, вели дека за него тоа е трагедија.

- Градиме нови споменици, а зошто ги уриваме старите? Овој споменик е симбол на жртвите на фашистичкиот терор и е редок во Македонија, изгледа и единствен. Можеше да му се најде место. Токму таму Германците стрелале наши невини граѓани. Тоа бил последниот бес на фашистите при нивното повлекување - вели Ѓуриќ.

Тој раскажува дека Kамениот мост бил миниран и Германците можеле да го урнат.

- Мостот беше поврзан со дизел-центри. Татко ми Светислав работеше во еден од нив. Отишле таму и ги пресекле жиците. Kога дошле Германците да го земат, напишал писмо до мојот тетин: ако погинам, внимавај на децата. Kако што ми раскажувале, тој бил штит кога Германците преминувале по Kамениот мост. Скопје беше последниот град што се ослободи од фашистичкиот окупатор - вели Ѓуриќ.

Претседателот на Општинскиот одбор на Центар при Сојузот на борците, Александар Бојаровски, појаснува дека од Општина Центар им ветила дека споменикот ќе биде вратен.

- Уште кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ, имавме договор кога ќе завршат сите градежни активности, споменикот повторно да се стави, и тоа обновен. Извесен период се вршеа и подготовки на теренот за поставување - вели Бојаровски.

Од Центар објаснуваат дека споменикот бил дислоциран пред две години, а потоа презеле активности за поставување нов, но постаментот бил урнат.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Имер Селмани: „Тежам околу 50 милиони евра"

Што се случува со неговата прва пасија, медицината, бидејќи завршил Медицински факултет, како и зошто го почнал бизнисот, со што се занимава неговата компанија, колку тежи неговото богатство, на што најмногу сака да троши пари...

„Горд сум на себе, бидејќи вработуваме луѓе, плаќаме даноци, имаме редовни приходи, инвестираме... денеска сме дисперзирани како компанија која што има повеќе дејности. Сега градиме, при крај сме, на еден супер луксузен модерен комплекс во едно место кое што беше заборавено од Скопје, од скопјани, од државата буквално. Тоа е помеѓу касарната Илинден и булевар Словенија, тоа е практично Карпош. Таму градиме станбен комплекс од речиси 350 станбени единици и деловен простор...“, ова меѓу другото го истакнува Имер Селмани, во првиот подкаст „Бизнис муабети“, кој од денеска ексклузивно ќе се емитува на порталот Фактор.  

Почитувани читатели, како што и Ви најавивме, денеска реномираниот портал Фактор воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење. Имено, стартувајќи од денеска, па секоја наредна недела во истиот термин, петок, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Бизнис муабети“, одбран токму во духот на доминантно економската определба на нашиот медиум.

Водител на подкастот е добро познатиот на македонската јавност новинар Мишко Иванов, уредник на многу популарни и гледани телевизиски емисии во својата кариера во изминатиот период.

Гости на нашиот подкаст ќе бидат еминентни имиња од светот на бизнисот, политиката, општественото живеење, власта, опозицијата, но и многу други релевантни соговорници чии професионален ангажман или делување оставиле печат на околината која не опкружува. 

Погледнете ја првата епизода од „Бизнис муабети“, на Фактор.

Популарно