Денеска е петок, 13 март, 72-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 293 дена.
Денот трае 11 часа и 45 минути.
Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 51 минути, а заоѓа во 17 часот и 36 минути.
Месечината ќе изгрее седум минути по полноѓ, а ќе зајде во 10 часот и 12 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд, на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од пет до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до три степени.
Од недела следува период на претежно стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.