Уште едно детенце нападнато од кучиња: Дедото го спасил крвавото внуче од челуста на животните

Само неколку дена по трагедијата во која од напад на овчарски кучиња, почина детенце, уште еден сличен инцидент. Хоророт овој пат се случил утринава во Неготино, кога четиригодишно дете било нападнато и искасано од две големи кучиња на улица, пред нивниот двор. Со голем број повреди, целото облеано во крв, во девет часот, веднаш по нападот било однесено во болницата во Неготино, од каде што било препратено на одделението за хирургија во кавадаречката општа болница.

„Родителите го донесоа детето утрово, преплашено, со многу повреди, целото крваво. Има четири рани, две на задниот дел на главата, една на левото рамо и внатрешниот дел на левата натколеница. Му укажавме прва помош и го препративме на хирургија во Кавадарци. Од информациите кои што ни ги дадоа преплашените родители, дознавме дека детето излегло пред дворот, каде што имало две големи бели кучиња. Немаме информација чии биле, ниту пак од која раса се, знаеме само дека не биле во сопственост на семејството. Детето сакало да си поигра со нив, при што го нападнале. Дедото и тетката први притрчале и токму дедото успеал на време да го откине детето од устите на животните’’ – ни изјави Др. Ангелина Јаќимовска од ЈЗУ Неготино, која што го примила детето.

Од одделението за хирургија од кавадаречката болница информираа дека е извршена интервенција врз детето, добило соодветна терапија и било задржано на хируршкото одделение.

Веста за нападот одекна низ целиот град и неготинчани се во шок, но и исплашени за безбедноста на своите деца. Познато е дека низ градот, посебно на градскиот плоштад со години наназад се собираат цели глутници на кучиња, кои што немаат сопственици.

Пред три години во Неготино, исто во месец март, куче од расата ротвајлер нападна мајка и бебе, кои завршија во болница со повреди, а бебето било спасено од случајни минувачи. Нападот го изврши куче, чувано во домашни услови кое што било во прошетка заедно со неговата сопственичка.

18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Им дал 800 евра а за возврат му ветиле дијаманти, измамен кумановец во Скопје

На 26.03.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 73 - годишен маж од Куманово пријавил дека на плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра.

Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите. Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија. Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ужасната болест го згасна младиот живот на големиот талент

Омилениот актер на многумина, а сигурно еден од најталентираните Маринко Маџгаљ, на денешен ден пред осум години ја загуби битката со ужасната болест – ракот на панкреасот.

Маринко Маџгаљ, вечното момче, како што го нарекуваа, ќе остане запаметен по бројните величествени улоги.

Маџгаљ имаше само 37 години кога дознал за болеста, но за жал, веќе било доцна.

Лекарите му рекле дека му остануваат само уште три месеци живот, кои според пријателите и семејството ги живеел најдобро што можел. Снимаше серија во Црна Гора, отиде на хемотерапија и 20 дена пред смртта се крсти во манастирот Острог, иако поради својата слабост едвај издржа, што го криеше од многумина.

Маринко до последниот ден веруваше во опоравување и победа, што го докажа со објава на Фејсбук:

-Пријатели, пристигнаа многу пораки! Сите сте толку слатки, љубезни и полни со убави зборови и желби! Ви благодарам за секој напишан збор, ви благодариме за сите лекови што ги препорачувате, ви благодараме за желбите за брзо закрепнување! Ќе се обидам што поскоро да танцувам на сцената, да застанам пред филмската и ТВ камерата и повторно да бидам со сите вас. И пеам! Вашиот Маки ве сака сите!

За жал, тоа не се случи. Маринко беше погребан на 29-ти март на гробиштата Ново Бежание.

Популарно