Услови за користење

Услови за користење

Оваа веб страница претставува СЛОБОДНА ONLINE ЗОНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. zase.mk е место каде секој без никаква цензура може да го сподели своето мислење, да го каже својот став и мислење за секоја област од живеењето. Покрај тоа на zase.mk можете да го објавите секое видео секоја фотографија од секоја интересна ситуација или се за што мислите дека може да го привлече вниманието на останатите. Овде можете да се испразните за се што ве мачи, да го објавите секој ваш проблем и да побарате помош за решение на истиот. На zase.mk не морате да ги гледате вестите кои некој ви ги подметнува, на оваа веб страница имате можност вие да ги креирате вестите што сакате да ги гледате и прочитате.

Поставувањето на содржини може да биде и анонимно или пак под соодветно име испратено од самиот автор.

За вашето видео, фотографија или текст да бидат објавени, мора да ги почитувате следните правила.

1.Испратениот материјал или текст да бидат ваше авторко дело, или вие да ги имате правата за истиот.

2. Пратениот материја да не е спротивен на македонските или меѓународните закони.

3. Содржините кои се навредливи, вулгарни, порнографски, расистички, шовинистички, заканувачки или содржини кои повикуваат или поттикнуваат насилство, меѓуетничка, расна или верска омраза или се штетни и претставуваат закана на било кој друг начин, нема да бидат објавени;

4. Материјалите на лицата кои лажно се претставуваат во име на друго правно или физичко лице, исто така нема да бидат објавени;

5. На zase.mk нема да бидат објавени лични податоци на други корисници, без нивно одобрение

Zase.mk го задржува правото да ги публикува или реемитува на социјалните мрежи или да ги отстрани содржините или коментарите за кои смета дека не одговараат на овие услови, без за истото да ги извести авторите или корисниците .