18ти Август 2014 година Тијана Дапчевиќ ќе го памети како еден од постресните денови во нејзиниот живот, но со среќен крај. На синот на пејачката, 5 годишниот Вук, вчера му беа оперирани крајниците во една скопска приватна клиника.
"Посакајте ни среќа“, напишала пејачката на Фејсбук и додала дека се чувствува нервозно. Но, по зафатот нашата годинешна евровизиска претставничка повторно им се обратила на пријателите и фановите и напишала дека се е во ред со нејзиното синче. Операцијата, односно вадењето на крајниците поминало како што треба, па сега останува Вук побрзо да
оздрави по зафатот.
А Тијана, како грижлива мајка, секако дека ќе биде покрај него, со исклучок на оние неколку
часа во четврток навечер, кога ќе настапува на Пиволенд на Кале.