Уставен суд донесе мерка за запирање на сите изборни дејства

Уставниот суд на денешната седница едногласно одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија од 18 јануари 2016 година и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието од 23 февруари 2016 година. Притоа, уставните судии донесоа и времена мерка со која се запираат сите изборни дејства.

ustaven-640x294

Одлуката на Судот ќе биде објавена денеска во Службен весник, по што и формално стапува во сила.

Судот следната недела треба да донесе конечна мериторна одлука за иницијативата за распуштање на Парламентот.

Иницијативата ја поднесе пратеникот на ДУИ Талат Џафери, за која од Уставниот суд посочуваат дека има целосно нови елементи и оти за овој предмет има нова анализа.

Уставните судии во февруари годинава веќе расправаа и ја отфрлија Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Почина познатиот македонски моторџија

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи.

– Почина Тони Шипка, човек кој имаше големо срце и беше голем другар. Тони беше член на LOWLANDERS MC MACEDONIA. Сочувство до семејството и клубот, до неговите пријатели и блиски. Ќе ни фалиш Тони! Почивај во Мир, стои во објавата.

Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во Ѓорче Петров.

Мартин Трпчевски: Пред да се оженам имав два телефони, едниот швалерски, едниот за работа!

Во новата епизода на повторно без влакна на јазикот двете водителки разговараат за теми кои ги засегаат и мажите и жените, но гледано од женска перспектива, овој пат со една добро позната гостинка на македонската јавност.

Ивана и Адријана во новото издание на Искрено со Јелена Спенџарска ја анализираа темата комуникација на мажи и жени. Какви се мажите во Македонија, а какви се во странство? Како да го одбереш вистинскиот партнер, кој на кого треба да пријде? 

Кај нас во Македонија мажите се емоционално незрели. Мене мажот ми се појави кога не го барав, рече Спенџарска во сочниот со женски муабети поткаст Искрено на zase.mk. Се збореше и за тоа што ги прави жените одбивни за мажите, но и кои слабости не би требало да излезат на воделина, барем во почетокот на врската. Да не ви раскажуваме сѐ, погледнете го целиот поткаст, коментирајте и поставете прашања кои би сакале да ви бидат одговорени. 

Популарно