Ужас: Млада жена си го фрлила новороденчето во река

Tриесет и едногодишна девојка од селото Грбавац, Република Српска, утрово околу 8.30 часот се јавила во болница поради здравствени проблеми, предизвикани од породување.

Таа се породила синоќа, околу половина час по полноќ на шеталиште, кај штандовите од зимскиот базар во центарот на градот, а во болница се појавила со јасни знаци за постпородилна депресија.

Лекарскиот персонал бил збунет поради тоа што дете никаде немало, а несреќната жена одбивала да зборува за тоа.

Наводно, подоцна заминала во правец на реката Дрина, каде веројатно го фрлила детето, пишуваат српските медиуми.

Увидот е во теk.

ВИДЕО: Дива свиња нападнала маж во Нови Сад по што продолжила да разгледува излози

Необичен инцидент се случи во Нови Сад, кога дива свиња дошла до градот и нападнала маж кој што поминувал улица.

Преплашениот човек бегаше од животното кое што го бркаше и во неколку наврати го стигна. На крајот, човекот побега, а дивата свиња продолжи се до излозите на неколку локали.

Од видео-снимките од безбедносните камери се забележува дека свињата продолжила да ги разгледува излозите.

Анкета во Бугарија: Јазикот е ист, а Македонците настанале во 20 век!

Бугарите имаат позитивни ставови кон Македонија, а 51 отсто од нив сметаат дека Македонците се слични или исти со Бугарите, покажа последното истражување на бугарскиот Институт за политика, посветено на односите меѓу Бугарија и Македонија.

Како што пренесува бугарскиот портал „Днес“, на прашањето дали постои македонска нација, различна од бугарската, 72 отсто од испитаниците одговориле дека македонскиот народ бил основан во 20 век и е близок на бугарскиот.

Вкупно 64 отсто од анкетираните ја признаваат вредноста на заедничката историја, а 27 од испитаниците сметаат дека покрај тоа, историјата нема никаква врска со модерното време.

Во однос на јазикот, 91 процент од Бугарите тврдат дека јазикот што го зборуваме е ист или заеднички, а само 8 отсто сметаат дека бугарскиот и македонскиот јазик се различни јазици.

На прашање дали Бугарија треба да го поддржи влезот на Македонија во ЕУ, 87 отсто се изјасниле позитивно, а 80 отсто од испитаниците сметаат дека Бугарија е мост за Македонија на патот кон членството во ЕУ. Во истражувањето се наведува дека 87 отсто од испитаници стекнале нови знаења и го подобриле ставот кон Македонија во август годинава, по потпишувањето на Договорот за добрососедство.

Вкупно 85 отсто од испитаните Бугари сметаат дека минатото создало вештачка дистанца меѓу граѓаните на двете земји и дека двете земји и нивните граѓани имаат заедничка историја или периоди од нив. Анализата покажува дека 43 отсто од Бугарите го признаваат правото на Македонија да го идентификува својот јазик самостојно.

ХОРОР: Вака изгледа Грција по страшните поплави (ГАЛЕРИЈА)

16 загинати засега во поплавите кои ја погодиле Грција, откако пожарникарите пронашле тело на маж во подрумот на една куќа во Неа Перамос.

Спасувачките акции продолжиле, бидејќи уште неколку лица се водат како исчезнати, а метеоролозите најавуваат уште врнежи.

Поплавите направиле огромен неред на улиците во Атина, но и многу места на западниот брег.

Олујното невреме не ја заобиколило Атина ни денес, а довело и до привремен прекин на сообраќајот на една од главните авении во грчката престолнина.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во четвртокот прогласил национална жалост.

“Ова се многу тешки моменти за Грција. Минуваме низ голема катастрофа”, рекол Ципрас во обраќањето до јавноста.

Многумина останале без покрив над главата, откако водената стихија поплавила два крајбрежни града, Неа Перамос и Мандра, западно од грчката престолнина, по обилните дождови кои паѓале цела ноќ во вторникот кон средата.

Некои жители биле принудени да се качат на крововите и балконите, додека поплавата носела многу автомобили, рушејќи ѕидови на куќи.

“Ова е библиска несреќа…Се исчезна”, рекла градоначалничката на Мандра, Јана Крикуку за телевизија ERT.

Популарно