Денеска е четврток, 2 април, 92-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 273 дена.
Денот трае 12 часа и 41 минути.
Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 17 минути, а заоѓа во 18 часот и 58 минути.
Месечината ќе зајде во пет часот и 10 минути, а повторно ќе изгрее во 17 часот и 14 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, особено долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време со утринска температура до два и дневна температура до 13 степени.
Во петок ќе се задржи сончево време со умерена облачност, а од сабота попладне ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи до 18-тиот степен.