Вака Град Скопје го чека снегот

Град Скопје е подготвен за одржување на градските улици и булевари на подрачјето на Скопје, во зимски услови. За чистење на снежните наноси од коловозите оваа сезона располага со 24 возила и со 2.500 тони сол.

Ова го соопшти Град Скопје по координативниот состанок на зимската служба на Град Скопје со претстставници на администрацијата и на јавните претпријатија на Градот, како и со претстставници од општините на градот Скопје, одржан денеска поради најавите за обилни врнежи од снег и ниски температури во наредниве денови.

Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и потсетуваат дека во нивна надлежност се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување. Апелираат, кога ќе падне снег, граѓаните и сите стопански субјекти во градот да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните станбени и деловни објекти.

Боби Бојчевски од ВМРО ДПМНЕ е најсериозен кандидат за прв човек на Бутел

Претседателот на советот на општина Бутел, Боби Бојчевски е најсериозен кандидат за градоначалник на скопската општина.

Тој е член на ВМРО ДПМНЕ повеќе од две децении, а според внатрешните анкети на терен е најдобар кандидат за градоначалничката позиција. За него велат дека е човк од народот, па покрај своите сопартијци, симпатии ужива и кај членовите на другите партии. 

Дали Бојчевски ќе биде кандидат кој ќе го преставува ВМО ДПМНЕ на локалните изботи или четврт мандат за општина Бутел ќе бара Петре Латиновски останува да одлучат партиските органи, но засега, спорд анкетите на терен Боби ужива најголема подршка кај бутелчани.

Мухамед Зекири кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири е еден од можните кандидати за градоначалник на Скопје, пишува „Фокус“ повикувајќи се на неофицијални извори во партијата.

Според информациите, за градоначалничката фотеља во Скопје од СДСМ засега се вртат имињата на тројца кандидати меѓу кои Зекири, Петре Шилегов, кој е исто така пратеник од владејачкото мнозинство, како и Дамјан Манчевски, кој во моментот е министер за информатичко општество и администрација.

Исто така, информациите велат дека Зекири најдобро стои на анкетите што се спроведени во Чаир, како можен кандидат за градоначалник на оваа скопска општина, каде би добил поддршка и од „интегративците“.

Популарно